Достапни линкови

ДУИ „притиска“ за името


Лидерот на ДУИ Али Ахмети по средбата со амбасадорот Волерс изјави дека сега е моментот за решавање на нерешениот спор и што поскоро членство на Македонија во НАТО
Лидерот на ДУИ Али Ахмети по средбата со амбасадорот Волерс изјави дека сега е моментот за решавање на нерешениот спор и што поскоро членство на Македонија во НАТО

Притисок за решавање на спорот за името и демонстрација на заложбата за откочување на евроинтегративните процеси - експертите за изјавата на Ахмети по средбата во Волерс.

Станува збор за обид на Али Ахмети да им стави до знаење на меѓународните претставници и на своите поддржувачи дека се залага за откочување на евроинтегративните процеси на земјава кои водат низ решавањето на спорот за името, ја коментираат експертите изјавата на лидерот на ДУИ по средбата со американскиот амбасадор во земјава Пол Волерс, во која истакнува дека сега е моментот за решавање на
Мислам дека имаат цел да предупредат пред меѓународните фактори, дека ако трае предолго оваа ситуација раздорот ќе стане поголем помеѓу двете заедници и тоа имплицира меѓународната заедница да прави поголем притисок врз Груевски што Ахмети очигледно неможе самиот да го направи
Мирјана Малеска, универзитетски професор
нерешениот спор и што поскоро членство на Македонија во НАТО.

Притоа, тој сака преку меѓународниот фактор да изврши притисок врз неговиот коалиционен партнер во Владата и особено премиерот, бидејќи во целата работа знае дека е немоќен, коментира професорката Мирјана Малеска.

„Мислам дека имаат цел да предупредат пред меѓународните фактори, дека ако трае предолго оваа ситуација раздорот ќе стане поголем помеѓу двете заедници и тоа имплицира меѓународната заедница да прави поголем притисок врз Груевски што Ахмети очигледно неможе самиот да го направи.“

Избегнувајќи да ја коментира изјавата на својот лидер, Талат Џафери од ДУИ сепак потврдува дека во оваа партија е се посилно размислувањето дека не постојат други изгледи за надминување на проблемот освен поактивно вклучување на меѓународната заедница во неговото решавање.
Амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волер
Амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волер

„Во секој случај ние стоиме на ставот дека меѓународниот фактор поактивно треба да се вклучи во надминување на спорот, очигледно е дека билатерално страните не можат да дојдат до конечно решение“,изјави Џафери.
Притоа, предупредувањата дека доколку спорот не биде решен, а
Во секој случај ние стоиме на ставот дека меѓународниот фактор поактивно треба да се вклучи во надминување на спорот, очигледно е дека билатерално страните неможат да дојдат до конечно решение
Талат Џафери, ДУИ

евроинтегративниот пат одблокиран, можат да бидат поттикнати деструктивни елементи во земјата и во регионот за аналитичарите има различен призвук, за едни сосема реален, а други дел од контекстот во кој ја има истата намена.

„Според мене лично тие предупредувања не се сериозни, тоа и Ахмети го знае, тоа е повеќе една политичка флоскула внатрешна употреба во партијата и кај подржувачите отколку некое сериозно предупредување за можни евентуални турбуленции“, изјави аналитичарот Насер Зибери.

Професорката Малеска сепак смета дека настапот на ДУИ во однос на ецвроинтеграциите е само сосема воздржана варијанта на она што е масовно расположение во албанската заедница во земјата, па од таа гледна точка според неа впечатокот на пристрасност кон една заедница коешто го создава ставот на премиерот во однос на надминувањето на проблемот, води само по себе кон влошување на меѓуетничките односи.
XS
SM
MD
LG