Достапни линкови

Неподготвеност за решение?


Една од средбите на премиерот Никола Груевски и посредникот во спорот за името Метју Нимиц
Една од средбите на премиерот Никола Груевски и посредникот во спорот за името Метју Нимиц

Според дел од експертите власта не е подготвена за решение на спорот за името и советуваат отпочнување дијалог за перспективите на Македонија надвор од ЕУ и НАТО.

Спорот за името нема да се реши во догледна иднина зашто оваа владејачка гарнитура не е подготвена да направи поголеми отстапки во однос на ова прашање, вели поранешниот министер за надворешни работи Денко Малески, коментирајќи ја изјавата на актуелниот шеф на дипломатијата Никола Попоски дека зборот „република“ пред името Македонија е доволна дистинкција од географскиот регион Македонија.

Mораме да разбереме дека тоа прашање во догледна иднина барем додека е мандатот на оваа владеачка структура, нема да се реши и не е лошо да отвориме повторно домашен дијалог околу перспективите на Македонија надвор од НАТО и надвор од ЕУ.
Денко Малески, универзитетски професор.
Во интервју за белгискиот весник „Ла либре“, Попоски вели дека во последните две години премиерите на Македонија и Грција, Никола Груевски и Јоргос Папандреу се сретнале во повеќе наврати. Тоа, според него, создало одредена динамика, но не резултирала со решение.

„Зборот „република“ пред Македонија овозможува дистинкција меѓу земјата и географскиот регион, кој е поголем и го носи истото име. Вие Белгијците имате провинција наречена Луксембург и не се спротивставивте на влезот на Луксембург во ЕУ. Блокирањето на нашето членство во НАТО не помогна. Ако политичките елити од двете земји разберат, убеден сум дека можеме да дојдеме до решение што нема да се сфаќа како закана за Грција и ќе биде достоинствено за нас. Да не се негира постоењето на една земја, еден јазик“, вели Попоски.

„Зборот ’република‘ пред името Македонија овозможува дистинкција меѓу земјата и географскиот регион, вели министерот Никола Поповски
„Зборот ’република‘ пред името Македонија овозможува дистинкција меѓу земјата и географскиот регион, вели министерот Никола Поповски
Професор Денко Малески посочува оти тоа покажува дека актуелната влада не е подготвена да направи поголема отстапка во однос на спорот за името, а за таквиот став има и голема поддршка од јавноста.

„Според тоа, ние сме во ситуација во која мораме да разбереме дека тоа прашање во догледна иднина, барем додека е мандатот на оваа владејачка структура, нема да се реши и не е лошо да отвориме повторно домашен дијалог околу перспективите на Македонија надвор од НАТО и надвор од ЕУ, бидејќи јасно е дека грчката политика и грчкото јавно мнение нема така брзо да се променат за да можеме да очекуваме да попуштат во овој спор.“

Од друга страна, професорот по меѓународно јавно право, Владимир Ортаковски, се согласува дека зборот „република“ прави дистинкција од географскиот регион Македонија.

За што тогаш се преговара во ОН, го прашавме.

Тој вели дека при приемот на Македонија во ОН, светската организација
Дека е меѓународно правно гледано спорот апсурден и бесмислен јас тоа ви го тврдам, нема никаква основа за ваков спор, а дека спорот е политички тоа е факт, суштина.
Владимир Ортаковски, универзитетски професор.

ја прекрши сопствената повелба со тоа што ни беа наметнати посебни услови за прием. За името преговараме затоа што ОН, под влијание на Грција и на грчкото лоби, тоа ни го наметнаа, а на преговори се согласивме и со потпишувањето на Времената спогодба, објаснува Ортаковски.

„Еден член вели преговорите за разликите околу името ќе продложат и толку, преговорите за разликите околу името ќе продолжат. И тие продолжија и тука нема рок, дали ќе траат две години или не знам колку, траат 18 години од 1993 година. Дека е меѓународно правно гледано спорот апсурден и бесмислен јас тоа ви го тврдам, нема никаква основа за ваков спор, а дека спорот е политички тоа е факт, суштина и затоа не можете да го дадете ниту на Арбитража, ниту на Меѓународен суд.“

Министерот Попоски вели дека има чувство дека со спорот за името се негира и идентитетот на македонскиот народ.

„Во последниот извештај на Европската Комисија во однос на проширувањето, терминот македонски јазик и македонска нација исчезна како резултат на грчкиот притисок“, вели Попоски во интервјуто за „Ла либре“.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG