Достапни линкови

Меѓу името и ЕУ и НАТО


Македонија не може да биде дел од НАТО доколку не го реши спорот за името, а со такво нешто, според последното истражување, не се согласуваат скоро половина од граѓаните.

Македонија може да се надева на влез во НАТО само доколку го реши спорот со името. Во неделното интервју на радио Слободна Европа, холандската амбасадорка во земјава, Мариет Шурман вели дека нерешениот проблем со името може да биде главната пречка и на следниот самит на НАТО, во април следната година.

Има покана за Македонија да стане членка, но билатералниот проблем со Грција мора да биде решен.
Мариет Шурман, амбасадор на Холандија во Македонија.
„Тоа е токму тоа што го кажа Советот на НАТО. Има покана за Македонија да стане членка, но билатералниот проблем со Грција мора да биде решен“, изјави амбасадорката Шурман.

Од друга страна, пак, најновите истражувања на Македонскиот центар за меѓународна соработка и Институтот за демократија покажуваат дека скоро половина од граѓаните во земјава не се согласуваат со промена на името. 45 отсто од испитаниците во анкетата одговориле дека не прифаќаат каква било промена на името, на можен референдум за име за севкупна меѓународна употреба со „не“ одговориле 58 проценти од испитаниците.
Во услови на референдум јавното мислење може да се промени, смета Савевски
Во услови на референдум јавното мислење може да се промени, смета Савевски


Политикологот Здравко Савески вели дека ваквото расположение на јавното мислење може да се смени во услови на спроведување на референдум.

„При референдум сигурно би имало и една кампања претходно во прилог евентуално на едно компромисно решение. Така што тие 58% се веќе во онаа граница во која може да дојде до промена на расположението на граѓаните“, изјави Савевски.
Тие 58% се веќе во онаа граница во која може да дојде до промена на расположението на граѓаните.
Здравко Савевски, политички аналитичар.

Според политичкиот аналитичар Ризван Сулејмани, врз перцепцијата на граѓаните влијаат надворешни фактори. Перцепцијата не мора да биде аргументирана, вели Сулејмани.

„Се случија неколку работи коишто на директен или индиректен начин влијаеа на создавање на таква перцепција во моментот кај граѓаните дека тие не би прифатиле промена на име. Дали тоа било да речеме транспаренти поврзани со кошарката каде на некој начин го издигна националното чувство на Македонците, дали тоа е поврзано со одредени интерни настани, во секој случај перцепцијата е таа.“
Се случија неколку работи коишто на директен или индиректен начин влијаеа на создавање на таква перцепција во моментот кај граѓаните дека тие не би прифатиле промена на име.
Ризван Сулејмани, политички аналитичар.

Ако 58 проценти од граѓаните би одговориле негативно на референдум за име за севкупна меѓународна употреба, дали тоа значи дека останатиот процент би се согласил со промена? Еве како тоа го објаснува Сулејмани

„Останатите проценти што остануваат главно доминира албанската популација затоа што кај нив има многу поголемо расположение за промена на името така што кај мнозинската заедница останува во тие 40% многу низок процент.“

Резулататите од анкетата покажуваат дека и понатаму за мнозинството Албанци, Европската унија и НАТО се поважни, за разлика од Македонците кои се за зачувување на името дури и по цена на евроатлански и економски застој.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG