Достапни линкови

Обезбеден јаглен за РЕК Битола


Македонскиот електро-енергетски гигант РЕК Битола, за следните две децении обезбеди јаглен од три рудници што е доволно за континуирано и стабилно производство на струја.

Обезбеден е животниот век на македонскиот електро-енергетски гигант РЕК „Битола“ за следните две децении. Во овој период комбинатот ќе црпи јаглен од три рудници. Суводол чија експлоатација е при крај, па ќе се вади руда и од Подинските односно подземните слоеви на ова окно така наречени Подински серии и од рудникот Брод - Гнеотино.
Од таму во следните 20 години очекуваме да ископаме 50 милиони тони јаглен, кои ќе бидат насочени за континуирано и стабилно производство на електрична енергија во термоелектраните во Битола.
Влатко Чинговски, генерален директор на ЕЛЕМ.

„Успешно ја завршивме монтажата на новата рударска опрема багерот СРС 1050 како и одлагачот, инвестиција вредна 25 милиони евра и како први БТО систем ја вклучивме во отворањето на Подинските јагленови серии во рудникот Суводол. Од таму во следните 20 години очекуваме да ископаме 50 милиони тони јаглен, кои ќе бидат насочени за континуирано и стабилно производство на електрична енергија во термоелектраните во Битола“, изјави генералниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски.
x


Од Подинските серии во моментот се ископува јаловина за да се дојде до јагленот. Во површинскиот коп Брод-Гнеотино веќе две години течи дотур на јаглен но со камиони, траката за транспорт допрва ќе се монтира.

„Засилено работиме на реализација на договорот со германската фирма Тисен Круп за набавка и монтажа на главниот транспортен систем за континуиран дотур на јаглен од Брод-Гнеотино до рудникот Суводол во должина од 10 километри. Овој мега инвестициски проект очекуваме да заврши за два месеца и да ги пренесе првите количини јаглен до Суводол во континуиран режим“, изјави Чинговски.
Во тек се интензивни испитувања на јагленот во постенцијалните лежишта во Жовојно и соседниот Мариовски басен во функција на долгорочно обезбедување на енергетска суровина за поголема енергетска стабилност на Македонија.
Влатко Чинговски, генерален директор на ЕЛЕМ.
Компанијата досега вложувала во површински копови, а сега за првпат се планираат подземни рудници.

„Во тек се интензивни испитувања на јагленот во постенцијалните лежишта во Жовојно и соседниот Мариовски басен во функција на долгорочно обезбедување на енергетска суровина за поголема енергетска стабилност на Македонија“, додава првиот човек на ЕЛЕМ.

Се вложуваат средства и во модернизација и автоматизација на трите блокови од термоелектраната. Минатата година беше модернизиран првиот агрегат, а сега привршува постапката врз вториот. За еден месец и тој ќе биде вклучен во производниот процес. Со целосна реализација на овој проект кој треба да заврши идната година се очекува дополнително производство на 160 гигават часови електрична енергија.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG