Достапни линкови

Зошто гинат работници во РЕК „Битола"?


Три години по ред во РЕК „Битола" се случуваат смртни случаи. Последната несреќа кога загина 34-годишен работник се случи минатиот месец. Според експертите, потребна е поголема едукација за работните задачи на работниците, додека менаџерите мора да се едуцираат за потребата од заштита при работа.

Три години со ред РЕК „Битола“ одзема по една жртва од редот на работниците. Последната трагедија се случи минатиот месец во новиот рудник „Брод Гнеотино“, каде загина 34-годишен работник додека подмачкувал одлагач на лентата за транспорт на јаловина. Пред една година, одрон на земја во другиот рудник Суводол затрупа 54-годишен работник, а во 2008 година во судар на булдожер и лада нива загина
Работите што се работат во РЕК се едни од најтешките и со најмногу ризици. Потребна е поголема наобразба на вработените и на нивните претпоставени раководители, како и на директорите.
24-годишен работник. Сите загинати работници беа ангажирани преку надворешни фирми. Со ова се отвора прашањето за заштита при работа во комбинатот. Експертите сметаат дека потребна е поголема едукација за работните задачи на работниците, а кај менаџерите за заштита при работа.

„Работите што се работат во РЕК се едни од најтешките и со најмногу ризици. Потребна е поголема наобразба на вработените и на нивните претпоставени раководители, како и на директорите. Ако директорот не ја познава добро проблематиката на заштитата тогаш барањата до него нема да можат да бидат покриени со негово знаење, односно со она што го бара заштитата“, вели Тодор Велјановски од Здружението за заштита при работа.
Свињи се хранат на ѓубриште во близина на РЕК Битола

Професорот Томе Јолевски, експерт за одржување на машини и опрема, пак вели:

„Освежување на знаењето кое го имаат досегашните извршители во областа на одржувањето, обука на нововработените или на фирмите кои ги ангажираат за извршување на активности во одржувањето. Тоа е еден од основните услови за да можат одржувачите сосема безбедно да пристапуваат кон задачите.“

Од ЕЛЕМ велат дека во комбинатот се преземаат сите заштитни мерки за да се зачува здрвјето на работниците. Секој вработен е обучен за работните задачи, а редовно се освежуваат и знаењата за заштита при работа. Но, големината на комбинатот, разновидноста на работните задачи за континуирано одвивање на работниот процес и 3000-те вработени наметнуваат одредена бројка на повреди при работа.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG