Достапни линкови

(Не)Почитување на еко-стандардите


Поглед кон РЕК Битола
Поглед кон РЕК Битола

Државата задоволна од подобрувањето на еколошките стандарди во земјата, екологистите, пак, го тврдат спротивното и укажуваат на големи загадувања на воздухот.

Државата задоволна од подобрувањето на еколошките стандарди во земјава. До сега се издадени 20-тина „А“ еколошки дозволи за усогласување со оперативните планови, последна во низата Цементарницата во Скопје. Од Mинистерството за животна средина не негираат дека големи загадувачи во Македонија се уште има и тоа се пред се металуршките компании, но тврдат и дека за енормно загадување во моментов не може да се зборува.
Значи енормни загадувања во Македонија не се регистрирани многу одамна, од затворањето на Топилницата, значи не зборуваме за енормни загадувања
Филип Иванов, Mинистерство за животна средина.

„Значи енормни загадувања во Македонија не се регистрирани многу одамна, од затворањето на Топилницата, значи не зборуваме за енормни загадувања“, вели Филип Иванов од Министерството за животна средина.
најголермите загадувачи обично не можат финансиски да го издржат набавувањето на соодветната опрема за заштита на животната средина па тоа оди постепено

Екологистите, пак, го тврдат спротивното:

„Да речеме она што никој не ни го кажува, посебно загадување има од РЕК Битола, Рафинеријата, Железара итн.“, вели Јован Мазгански од здружението Екоскоп.

На иницијативата на ова здружение за заштита на подземните води во скопско кои во минатото биле квалитетни, а сега се доведени во опасност, како што додава Мазгански, од државата не добиле одговор. За ваквите зафати обично го добиваат објаснувањето дека е скапо па државава презела обврска кон Европа за заштита од отпадните води до 2030 година.

Од надлежното министерство велат дека најголемите загадувачи обично не можат финансиски да го издржат набавувањето на соодветната опрема за заштита на животната средина па тоа оди постепено. Во моментов се имплементираат европските закони кои во оваа област континуирано се усвојуваат од 2002 година до сега, додава Иванов:
Да речеме она што никој не ни го кажува, посебно загадување има од РЕК Битола, Рафинеријата, Железара итн...
Јован Мазгански, здружение „Екоскоп“

„Во последниов период од 2002 година па до сега се изработија закони кои што се усогласени со директивите на ЕУ.“

„Закони се прават некои, но колку се почитуваат тоа е второ прашање. Сеуште мислам дека многу лабаво, некогаш дури и селективно се применуваат“, додава Мазгански.

Тој смета дека Македонија повеќе формално отколку суштински ги исполнува обврските за заштита на животната средина кон Европа. Одредени загадувања можат да се видат и со голо око вели тој, а нивните сознанија од теренот се и дека постојат загадувачи кои не ја користат опремата којашто ја покажуваат само пред надлежните институции.
XS
SM
MD
LG