Достапни линкови

Прилепскиот Клуб на лекувани алкохоличари, без финансии


Прилепскиот Клуб на лекувани алкохоличари се соочува со сериозни финансиски проблеми.

Иако функционира на општинско ниво каде продолжена терапија добиваат многу зависници, вклучувајќи ги и нивните семејства, месечно од општинскиот буџет добива симболични 500 денари. А, минималните трошоци се 4 пати поголеми.
Шест илјади денари не се доволни, нам ни треба за да работиме, 30.000 денари, околу 500 евра. И тоа да штедиме, за струја зимно време, зашто се дружиме од 10 сабајле, а некогаш доаѓаме и попладне.

Бидејќи немаат друг излез, 80-те членови апстиненти кои континуирано доаѓаат во просториите, оддвојуваат средства, па со членарината се обидуваат да го продолжат функционирањето на Клубот. Велат некако се обидуваат да ги покријат трошоците, но најтешко им е во зима, кога посетеноста е поголема, а студот ги притиска. Но, мотивирани од желбата повторно да се вклучат во нормален живот, за што имаат огромна поддршка од медицинскиот персонал на Невропсихијатриското одделение на градската болница, тие ја продолжуваат борбата со оваа зависност.

„Шест илјади денари не се доволни, нам ни треба за да работиме, 30.000 денари, околу 500 евра. И тоа да штедиме, за струја зимно време, зашто се дружиме од 10 сабајле, а некогаш доаѓаме и попладне“, изјави Никола Чадамов, секретар на Клубот.

А, според оценките на терапевтот Јован Велески, работата на Клубот има огромни здравствени и социјални бенефити за зависниците, бидејќи продолжениот третман им овозможува за релативно кусо време тие да се ресоцијализираат и да станат одговорни луѓе, со зголемена мотивација за трајна апстиненција.

Велески посочува на економските заштеди, зашто еден болнички ден за еден алкохоличар Фондот го чинат од 1.800 до 2.400 денари. Затоа Клубот доставил барање до ресорното Министерство, со надеж дека ќе биде финансирана програмата, па да може да стане и работна единица на прилепската болница.

„Ние сме направиле и програма и проект, бидејќи програмата значи нешто што континуирано се исполнува, а проектот се завршува и се постигнува ефект, којшто е во склоп на законските обврски на здравствениот систем и ние тие сме ги доставиле до Министерството за здравство, до Фондот за здравството, се разбира со голема помош на прилепската болница и Невропсихијатриското одделение, но до ден денеска немаме одговор“, изјави Јован Велески терапевт, специјалист по медицинска психологија - Градска болница.
Повеќе да спортуваат, повеќе да се дружат на забави каде што нема алкохол и повеќе да ги слушаат емисиите кои што придонесуваат за едукацја, а не емисиите или филмовите со тепачки, кражби, насилство, силување.

Со одредена финансиска поддршка која континуирано би се добивала, според тимот терапевти кои волонтерски работат, патронажната служба ќе функционира подобро, ќе се зголеми бројот на сегашните 10 едукатори, со учество на семинари за следење на современите текови во лечење на оваа болест на зависност која е во пораст.

Зависните, едукатори кои им помагаат на младите момчиња и девојки кои се одлучуваат да побараат помош во Клубот имаат пораки до сите млади луѓе, да се откажат од чашката алкохол која им ја нудат дури и родителите на прославите, зашто многу лесно се станува зависник, а многу е тежок е патот за лекување.

„Повеќе да спортуваат, повеќе да се дружат на забави каде што нема алкохол и повеќе да ги слушаат емисиите кои што придонесуваат за едукацја, а не емисиите или филмовите со тепачки, кражби, насилство, силување“, вели Ангел Новески, 20 годишен апстинент, кој е редовен посетител на Клубот.

Во текот на изминативе 33 години во Клубот успешно се лекувале над 3.000 зависници од регионот.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG