Достапни линкови

Балкански културен туризам


Охрид може да биде котата на вкрстување на Балканските туристички коридори, сметаат експертите.
Охрид може да биде котата на вкрстување на Балканските туристички коридори, сметаат експертите.

Научните работици од регионот ја разработуваат идејата за обединет настап и презентација на културно историските вредности за поголема промоција на туризмот.

Балкански културен туризам без граници со користење на културно-историските и туристички вредности на овие простори кои се од пошироко значење, за креирање, промоција и пласман на заеднички туристички производ, за што Охрид и регионот имаат огромни
Културниот туризам е еден вид на туризам којшто е константно во подем, а она што е актуелно денес во Охрид е неговиот развој без граници. На Балканот, подрачје со премногу граници, се трудиме да направиме нешто што ќе ги премостува границите ако има политички и државни, барем да нема и културни.
потенцијали, а туристите кои не препознаваат како Балкан, покажуваат голем интерес. Оваа идеја што датира од 2003-тата иницирана во Охрид од претседателите на државите од Балканот, поддржана од земјите во регионот, а преку заедничката соработка и на неодамнешниот Охридски регионален претседателски самит, ја разработуваат и форсираат научните работници од Македонија и Бугарија кои неодамна на конференција во Охрид се заложија за промоција на заедничките, обединувачки проекти во заштитата и презентацијата на културното наследство.

„Културниот туризам е еден вид на туризам којшто е константно во подем, а она што е актуелно денес во Охрид е неговиот развој без граници. На Балканот, подрачје со премногу граници, се трудиме да направиме нешто што ќе ги премостува границите ако има политички и државни, барем да нема и културни. Се работи за развој на културните маршрути на Балканот, кои што се дел одн историското и културното наследство на ова подрачје, всушност од денешна гледна точка се простираат на сите подрачја на Балканот. Доколку не вклучите некое подрачје, вашата културна рута е нецелосна. Токму затоа, ние одиме со идеата, преку развојот на културните маршрути, да ги споиме прво културите кои биле дел од едан заедничка целина во минатото, потоа тоа да им го презентираме на туристите. Ние разбираме дека има пред се политички пречки во таквиот развој, но тоа не значи дека брзо ќе се откажеме од таквата идеја“, вели доктор Сашо Коруноски, декан на Факултетот за туризам во Охрид, што во оваа сфера соработува со факултетите од Бугарија.

Охрид од птичја перспектива.

Тој посочува дека Охрид, Македонскиот туристички бисер може да биде котата на вкрстување на Балканските туристички коридори, кои со амбиенталните вредности на старите градови, верскиот и културниот туризам се атрактивни преку целата година, и немаат сезона.

„Културниот туризам како и многу видови туризам е важен, доколку имате подрачја кои изобилуваат со културни вредности, што Охрид несомнено е. Она што значи натамошна работа е да ги убедиме луѓето од
Културниот туризам како и многу видови туризам е важен, доколку имате подрачја кои изобилуваат со културни вредности, што Охрид несомнено е
практиката, да ги согледаат потенцијалите и тие после треба да преземат дел од одговорноста, зошто не можеме ние како професори и универзитетска фела да продаваме. Ние треба да им ги кажеме потенцијалите и како тоа да го спакуваат, кога се работи за туристички производи. Еден таков може да биде „Виа Игнација“, која минува денес низ повеќе држави и не може да се оди со скок доколку таа се нуди, а од друга срана има заинтересирани клиенти кои сакаат да ја поминат таа античка траса по Балканот. Кога бизнис заедницата ќе види дека тука има потенцијал, таа едноставно треба тоа само да го спакува во производ, и после доаѓа промоцијата и реализацијата на туристичкиот производ со сите стандарди за квалитет“, објаснува Коруноски, експерт по историја на уметност и културен туризам.

Според него, културно-историското наследство на Балканот, кое било предмет на поделби и кавги, не треба да се сфати како пречка туку како заедничко богатство, што не обединува и ни е предност што може да биде многу профитабилно, тоа мора да се заштити од пропаѓање под забот на времето, но и атакот на урбанизацијата и преку долгорочна стратегија за развој со вклучување на сите субјекти и фактори во туризмот, локалните самоуправи и државата, да се валоризира како заеднички туристички производ конкурентен на светскиот пазар, кој се нуди и прифаќа од странците посебно од далечните земји кои доаѓаат на Балканските кружни тури, каде се вклучени Македонија и Охрид.
XS
SM
MD
LG