Достапни линкови

Прослава на Денот на Охридското Езеро


По повод 21 јуни, Денот на Охридското Eзеро, пригодни прослави, но и сумирање на резултатите од реализираните проекти и отворените проблеми во збратимените градови Охрид, Струга и Подградец.

21-ви јуни, пред 11 години кога беше востановен како на „Ден на Охридското Езеро“, збратимените градови на крајбрежјето од македонска и од албанска страна, Охрид, Струга и Поградец, почнаа да го слават под мотото „Го сакам Езерото“, а сега ја испратија пораката „Да го сочуваме езерото како очите“, алудирајќи дека овој најголем природен базен во Европа, како извор на питка вода, значи извор на живот за населението околу него. Симболично означувајќи го и почетокот на туристичката
Со години и туристите и граѓаните на трите градови бараат воспоставување на бродска линија Струга-Охрид-Поградец и отворање на граничниот премин кај селото Радожда, кое е само на два километри од Лин, што е исто така важно за туризмот.

сезона, на прославата во Поградец, првите луѓе на општините и од областа на заштитата на езерото ги сумираа реализираните проекти и отворените проблеми, како слика на реалната состојба, да не остане се на меѓуграничните средби, декларативни заложби, ручеци и дружби со музика и игра.

„Со години и туристите и граѓаните на трите градови бараат воспоставување на бродска линија Струга-Охрид-Поградец и отворање на граничниот премин кај селото Радожда, кое е само на два километри од Лин, што е исто така важно за туризмот. За бродската линија, тврдам дека сите технички услови се завршени пред четири години, и останува на одговорните министерства за транспорт и врски на Македонија и Албанија, само да го потпишат договорот. Но, нема волја за тоа, самите министри или министерства, или владите на двете држави немаат волја за воспоставување на ваква бродска линија, која навистина би го подобрила развојот на туризмот на овие крајезерски градови“, вели градоначалникот на Струга Рамиз Мерко.

Дрилон

Тој додава дека на реализација чекаат проектите за поврзување и подобрување на патната инфраструктура и системот за заштита на Охридското Езеро, со кој досега се опфатени 72 проценти, или 220 илјади жители, а без колектор се потезите Пештани-Свети Наум и Елен Камен-Радожда на Македонска и Поградец-Лин на Албанска страна, за чие финансирање отворени се и меѓународните фондови за прекугранична соработка.

„Доаѓаме до три клучни работи кои треба да ги дефинираме. Прво е дека основата на целата оваа заштита на Охридското Езеро е подигнувањето на јавната свест, што го ценам како позитивен исчекор. Но не успеавме да направиме сериозен исчекор во проблемите предизвикани во
Доаѓаме до три клучни работи кои треба да ги дефинираме. Прво е дека основата на целата оваа заштита на Охридското Езеро е подигнувањето на јавната свест, што го ценам како позитивен исчекор.
индивидуалната свест. Тука подразбирам казнена политика и стопирање на индивидуални интреси кои го загрозуваат езерото и целокупниот слив. Второ е од аспект на инфраструктурата и инфраструктурните мерки на заштита, каде многу е инвестирано во колекторскиот систем, пумпни станици и во водоводни и канализациски мрежи во сливот, но се уште не успеавме да направиме сериозен исчекор околу разбирањето дека животната средина треба да биде економски инструмент, дека таа треба да се стави во функција и на заштита, но и на економски бенефит за граѓаните, најмногу во овој регион во туризмот. И третиот момент, во овие 11 години ги направивме сите можни политички и легислативни мерки како што се, заеднички договор, студија, акционен план и законска регулатива со Албанија, но не успеавме тоа целосно да се стави во функција, односно не успеавме на животната средина и на Охридското Езеро да им дадеме висок приоритет во политиките на државите. Екологијата сеуште ни стои пониско на агендите на државите, и тука се главните проблеми“, вели Дејан Паноски од билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро.

Соработка и во областа на спортот

Според него, сериозен проблем е заштита на рибниот фонд, кој е под забрана за ловење во Македонскиот дел, а се лови на Албанската страна, езерото кај нас со години нема концесионер кој би стопанисувал и би се грижел за него, а заштитата треба да се третира како долгорочен процес кој не престанува.

Во реалниот живот, во последната деценија се чувствува зголемен проток на луѓе и туристи околку езерото, посебно по укинувањето на визниот граничен режим, има соработка во туризмот, културата, уметноста и спортот, а свој интерес најдоа и приватните бизниси.
XS
SM
MD
LG