Достапни линкови

Очекувања од новиот гувернер


Вицегувернерот на НБРМ Димитар Богов
Вицегувернерот на НБРМ Димитар Богов

Релаксирање на монетарната политика, се очекувањата на политичките партии од идниот гувернер на НБРМ. За функцијата е предложен досегашниот вицегувернер Димитар Богов.

Пратениците треба да го гласаат предлогот на претседателот Ѓорге Иванов на седница што ќе се одржи кон крајот на месецот. Од опозициската партија СДСМ, за изборот на новиот гувернер велат дека најважно за државата е тој што ќе ја извршува таа функција да биде соодветен за местото и улогата. Марјанчо Николов изјави дека главни предизвици на новиот гувернер, откако ќе стапи на функцијата, е дали ќе ја релаксира монетарната политика, како што неколку пати заговараа премиерот и министерот за финансии, како ќе управува со девизните резерви и сигурно ако продолжи трендот на покачување на цените, како НБМ ќе се спротивстави на евентуална инфлација:

„Господинот ги има професионалните квалитети и поважно е сигурно да опстојува на целите, а тоа е одржување на девизниот курс и ценовата стабилност, и доколку си ја задржи својата самостојност ќе добиеме гувернер кој што во одредени моменти ќе може да се спротивстави доколку владата сака да води како досега експанзивна фискална политика.“

Според законот, на седницата не се расправа, туку само се гласа за гувернерот. Засега не може да се каже како партиите ќе гласаат за Богов. Во најголем дел од пратеничките групи велат дека партиските органи кои вчера ја добиле информацијата ја разгледуваат.
Институцијата Гувернер е една од најмоќните и највлијателните јавни
Треба да се одржи макроекономска стабилност како што ја имаме долги години, а друг некој со друга политика треба да ги решава проблемите.
функции и е креатор на монетарната политика која ја контролира инфлацијата и се грижи за стабилноста на курсот на денарот.

Вицепремиерот Богов важи за блзиок со владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Експертите отфрлаат какво било поврзување на која и да е личност за гувернер со политичка опција нагласувајќи дека се заборава на политичка опција кога некој ќе се нафати за гувернер. И според Уставот, НБРМ е независна интитуција.


Во однос на изборот, професор Ванчо Узунов вели дека претпоставува оти нема да дојде до големи промени во досегашната макроекономска политика, бидејќи како што оценува, државата има одржано макро економска рамнотежа:

„Проблемот на Македонија воопшто не се монетарен, финансиски, проблемот е од структурна природа и затоа нема што монетарната политика премногу да помогне. Треба да се одржи макроекономска стабилност како што ја имаме долги години, а друг некој со друга политика треба да ги решава проблемите.“

Димитар Богов би ја преземал функцијата во мај кога му завршува функцијата на актуелниот гувернер Петар Гошев. Богов, кој има 20-годишно работно искуство беше избран за вицегувернер по предлог на Гошев пред четири години.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG