Достапни линкови

Нереални желби?


Власта со нерални очекувања за растот на економијата
Власта со нерални очекувања за растот на економијата

Нереални и несериозни, според економските експерти, се прогнозите на власта за економски раст од 4,5 отсто во наредните три години.

Реална проценка или листа на желби? Власта претпоставува дека за три години реалниот раст на економијата ќе биде 4,5 проценти. Упатените, од друга страна, велат дека тоа е премногу оптимистички. Бизнисменот Ристо Гуштеров вели дека изјавата на министерот за финансии нема основа за никаква реалност:
Бидејќи прво опкружувањето и условите што ги нуди опкружувањето наше, не го нудат тоа, потоа политичката и другата нестабилност во Македонија не го нуди тоа, а што е најважен фактор e растот предвиден во Европската унија до 2014 година, каде што се предвидува некаков раст од 2 до 2,5 отсто.


„Бидејќи прво опкружувањето и условите што ги нуди опкружувањето наше, не го нудат тоа, потоа политичката и другата нестабилност во Македонија не го нуди тоа, а што е најважен фактор во сето тоа што не нуди некаков оптимизам во развојот, се условите во ЕУ и растот предвиден во Европската унија до 2014 година, каде што се предвидува некаков раст од 2 до 2,5 отсто.“

Проекциите треба да бидат пореални, препорачува Гуштеров:

„Не треба да има никаков еуфоричен оптимизам, треба да се сведеме во некои реални рамки и ако успееме да го оддржиме растот на ниво од 2 до 3 отсто, тоа ќе биде голем успех за Македонија за наредните две до три години.“

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и гувернерот на Народна банка Петар Гошев

Судејќи по изјавите на познавачите, испаѓа дека земјава е поголем оптимист од Европа. Како е на терен? Во теорија, економскиот раст е нешто кое и обичните луѓе можат да го почувствуваат. За сега, примањата се смрзнати а единствениот раст кој нашиот народ го чувствува е оној на цените:

„Помалку ќе трошиме за да ги платиме сметките, тоа највеќе ќе не ’удри‘ по џебот.“

И покрај тоа што во светот економската криза и официјално заврши, кај нас, судејки по изјави на дел од анкетираните, се уште се чека кризата да помине:
Еве нели викаат кризата полека заминува, па најверојатно оди на поарно. Па не баш, ама ете така велат, па ќе чекаме, да видиме.


„Еве нели викаат кризата полека заминува, па најверојатно оди на поарно.“

Се чувствува дека поминува кризата?

„Па не баш, ама ете така велат, па ќе чекаме, да видиме.“

Неостварените проекции за економски раст до сега често се правдаа со светската криза, посочува екс-министерот за финансии Џевдет Хајредини

„Затоа што и да не се остваруваат тие имаат готов изговор, дека кризата во Европа се уште била виновна. Така што лично сметам дека не треба да се сфатат сериозно нивните прогнози, затоа што и тие немаат некој сериозен однос кон тие прогнози.“

Инаку, министерот за финансии и гувернерот ќе ги презентираат овие податоци во Брисел, во склоп на 157 страни дополнителни податоци за претходни, сегашни и очекувани состојби.
XS
SM
MD
LG