Достапни линкови

Како до енергетска ефикасност?


Министерството за економија ги враќа субвенциите од 300 евра за граѓаните што сакаат да постават сончев колектор
Министерството за економија ги враќа субвенциите од 300 евра за граѓаните што сакаат да постават сончев колектор

Енергетската ефикасност и гасификацијата може да ја намалат зависноста на Македонија од зголемувањето на цените на нафтата и на струјата.

Забрзување на гасификацијата и енергетската ефикасност, се главни работи кои може да ја намалат зависноста на Македонија од увозот на енергенси и од зголемувањето на цените на нафтата.
Професор Константин Димитров од Македонскиот центар за енергетска ефикасност вели Македонија троши многу пари за увоз на енергенси. Тој посочува дека, според стратегијата за енергетика и според стратегијата за енергетска ефикасност, токму енергетската ефикасност и гасификацијата се посочени како приоритети. Со мерките за енергетска ефикасност се намалува потрошувачката на енергија, а се добива истиот ефект, вели
Имаме транспортни системи што треба да се градат во Македонија, а треба да се прават и дистрибутивните системи по градовите каде што веќе е дојдена, Куманово, Скопје итн. Ние имаме десет години гас во Скопје, но домаќинствата го немаат.
Димитров.

„Трошите помалку енергија, увезувате помалку енергија, индустријата троши помалку енергија со што станува поконкурентна на странскиот пазар.“

Професор Константин Димитров вели дека во намалување на увозот на нафта, голема улога може да одигра и гасификацијата.

„Имаме транспортни системи што треба да се градат во Македонија, а треба да се прават и дистрибутивните системи по градовите каде што веќе е дојдена, Куманово, Скопје итн. Ние имаме десет години гас во Скопје, но домаќинствата го немаат.“


Што може да направат граѓаните?

Јован Драгановски од невладината организација Проактива вели дека замената на старите врати и прозори со нови, ставањето изолација, употреба на штедливи светилки и поставувањето сончеви колектори, се наједноставните работи што може да ги направат граѓаните за заштеда на енергијата.
Еден од нашите најголеми совети е да се користат токму тие сончеви колектори за добивање на топла санитарна вода, можат исто така да се користат и за добивање на електрична
енергија.


„Еден од нашите најголеми совети е да се користат токму тие сончеви колектори за добивање на топла санитарна вода, можат исто така да се користат и за добивање на електрична енергија што значи да се одвоиме од мрежата односно да не се користат централите туку секој да си има свои приватен извор на електрична енергија.“

Истражувањето на Центарот за енергетска ефикасност покажуваат дека граѓаните сакаат да ја користат сончевата енергија за добивање топла вода, но немаат пари да инсталираат колектори, што чинат од 500 до 1000 евра. Според истражувањето, над 80 проценти од граѓаните се заинтересирани да постават сончев колектор, но само 5 проценти го имаат инсталирано на својот покрив.

Камп-приколка со сончеви колектори во Украина

Во Министерството за економија велат дека ги враќаат субвенциите од 300 евра за граѓаните што сакаат да постават сончев колектор. Портпаролката на Министерството, Селвет Барути потсетува дека во 2009 година, во иста ваква акција, субвенции добија околу 500 домаќинства.

„За 2011 година се предвидени шест милиони денари со кои треба да се опфатат над 300 семејства. Значи во моментов се работи на условите на јавниот оглас според кој нема да може конкурираат лица кои претходно добиле субвенции по оваа основа.“

Таа вели дека парите ќе ги добијат тие што први ќе поднесат апликација и ќе ги исполнуваат условите.

Британската влада деновиве соопшти дека подготвува план за откажување од сегашната зависност од нафтата и за нејзина замена со други извори на енергија, откако поради кризата во Либија пораснаа цените на нафтата на светските берзи.

„Земјата не може да остане целосно зависна од нафтата и од честите непредвидливи движења на нејзината цена, кога таа може да се замени со чисти, зелени и енергетски извори со ниско ниво на јаглерод диоксид“, рече британскиот министер за енергетика Крис Хјун за неделникот „Обсервер“.

Како значаен дел на новата британска стратегија се нуклеарните централи и изградбата на таканаречени „зелени живеалишта“ за луѓето, што се промовираат како домови ослободени од зависноста од нафта и што практично не ја загадуваат човековата околина.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG