Достапни линкови

Годишнина од смртта на претседателот Борис Трајковски


Поранешниот претседател на Македонија Борис Трајковски
Денеска се навршуваат седум години од трагичната смрт на претседателот на Македонија Борис Трајковски. Тој и шест члена делегација, како и двајца пилоти загинаа при урнување на авионот од типот Кингер на 15 километри јужно од Мостар. На одбележувањето каде што се случи авионската несреќа денеска ќе присуствува и претседателот Ѓорге Иванов. Делегација на Собранието на Македонија денеска ќе положи цвеќиња на гробот на Борис Трајковски на гробиштата Бутел. Борис Трајковски беше инаугуриран за претседател на Македонија на 15 декември 1999 година.
XS
SM
MD
LG