Достапни линкови

Египет ќе го врати својот амбасадор во Ватикан


Папата Бенедикт 16
Египет соопшти денеска дека ќе го врати својот амбасадор во Ватикан, по еден месец откако тој беше отповикан поради „неприфатливите“ коментари на папата Бенедикт 16. Според египетското министерство за надворешни работи амбасадорот Ламиа Мехеимар ќе се врати во Ватикан во среда. Амбасадорот беше отповикан поради изјавите на папата во кој го осуди насилството врз христијаните во Ирак и нападите на една црква во египетскиот град Александрија.
XS
SM
MD
LG