Достапни линкови

Продолжуваат протестите во Египет за оставка на Мубарак


Протестите на плоштадот Тахрир во Каиро
Протестите на плоштадот Тахрир во Каиро и натаму продолжуваат и покрај чекорите на владата за нивно прекинување. Демонстрантите бараат египетскиот претседател Хосни Мубарак да поднесе оставка. Владата вети спроведување на реформи, но соопшти дека Мубарак ќе остане на функцијата за да ги надгледува промените.
Опозициските партии вчера се сретнаа со властите. Според нобеловецот и опозициски лидер Мухамед ел Барадеј преговорите не биле транспарентни.
XS
SM
MD
LG