Достапни линкови

Блер повторно ќе сведочи за војната во Ирак


Поранешниот британски премиер Тони Блер
Поранешниот британскиот премиер Тони Блер денеска треба да се појави пред британскиот суд , кој води истрага за војната во Ирак. Тоа ќе биде вторпат Блер да се појави пред членовите на комисијата која ја води истрагата. Тие се надеваат дека Блер ќе им ги разјасни причините зошто Британија се приклучи во војната против Ирак во 2003-та година. Во своето прво појавување пред една година, Блер изјави дека ирачкиот диктатор Садам Хусеин беше
закана за целиот свет, па затоа тој морало да биде разоружан и остранет. Блер исто така изјави дека не жали за воената инвазија. За време на својот мандат, Блер испрати 45 илјади војници на служба во Ирак.
XS
SM
MD
LG