Достапни линкови

Хјуман Рајтс Воч бара истрага за злосторствата во Косово


Логото на Хјуман Рајтс Воч
Хјуман Рајтс Воч соопшти денеска дека Европската унија треба да назначи специјален обвинител кој ќе го истражи криминалот во Косово за време на војната со Србија во 1998 и 1999 година и кој наводно е направен од косовскиот премиер Хашим Тачи и УЧК. Според директорот на организацијата Лоте Леишт за да се спроведе таква истрага потребна е силна подршка од владите на ЕУ и САД.
Еден истражител на Советот на Европа во минатиот месец поднесе извештај дека Тачи кој беше командат на УЧК и други нејзини припадници наводно се одговорни за киднапирањата, убиствата и други воени злосторства против србите и албанците за време на војната.
XS
SM
MD
LG