Достапни линкови

Ваши коментари


Нашите слушатели со поделени мислења за најновото прашање во рубриката Хајд парк: Има ли корупција во Македонија?

Корупција - ја има или ја нема кај нас? Од видео-анкетата на македонската редакција на Радио Слободна Европа можеме да слушнеме типични одговори за нашите граѓани: со половина уста велат, можеби има, јас не сум искусил такво нешто, ама зборуваат дека имало... А и врапчињата знаат дека таа болест одамна го има зафатено нашево општество и се' повеќе се шири. Како канцер. Што е најлошо, за да малку од малку се намали давањето пари „под маса“ потребни се многу силни институции на системот, нешто што Македонија го нема. И што е уште полошо, има реакции на Антикорупциската и на невладините, ама, кај нас, изгледа, секогаш - кучињата си лаат, а карванот си врви.

Значи, има ли корупција во државава? Климе од Охрид во својот коментар веројатно дава најдобар одговор, дури човек и да се изнасмее, доколку неговото реторичко прашање не е загрижувачко: „Каква корупција, бе, што ви е?“, прашува Климе и веднаш дијагностицира: „Тоа кај нас е стил живота!“. Во нашиот Хајд парк, Митко се согласува со Климе и пишува дека не ти викаат ни добар ден без рушвет, ама никој не пријавува затоа што после тоа нема никогаш да се заврши работата.

Има многу ваши коментари, почитувани, на нашето интервју со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Диме Спасов, кој смета дека податоците за тоа дека повеќе од 40 отсто од младите сакаат да си заминат од земјава се неточни и покажува голем оптимизам во поглед на условите за живот на младите во државава.

Слушател потпишан со Навл од Македонија извикува: „Во која држава живее овој, бе? Јас мислам дека и самиот тој не знае“.
Друг слушател потпишан со „Оди бегај“ од Европа прашува: „Како не ти е срам, детиште? Па вие во таа Влада немате допир со реалноста. Мислите дека со наместени Денови на отворени врати и со пензионери кои немаат што да прават па си муабетат со вас, ќе завршите работа! Е, млад човеку, се надевам дека младите ќе ви пресудат политички“, пишува во пораката „Оди бегај“.

Горан Митевски од Скопје вели дека е доволно да се направи малку муабет со десетина ученици или студенти и најмалку 70 отсто ќе ви кажат дека основна цел им е да побегнат од Македонија. „Жално, но вистинито“, заклучува Горан.

И на нашиот текст „Да се бега или не“ има ваши коментари, кои, главно, се сведуваат на тоа дека тоа е реалноста, како што мисли Димитар: апатија, беспарица, за оние со пари е лесно, татини и мамини синови колку сакаш - сите на силни позиции, а неспособни. „Затоа пропаѓа Македонија“, смета Димитар од Скопје.

Симе од Ротердам има интересно прашање како коментар на нашиот текст „18 илјади деца без образование“: „Дали ова значи милион и 800 илјади евра од казни во државната каса? Ме интересира, овие сироти луѓе што не можат да ги праќаат децата ни на училиште од немаштија, како ќе му платат казна на премиерот и од каде“, завршува Симе.

Погледнете ја анкетата во нашата рубрика Хајд Парк и коментирајте:

Корупција во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:29 0:00
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG