Достапни линкови

Интервју - Антонио Јовановски


Јовановски и поддржувачите на акцијата „Биди Зелен“
Јовановски и поддржувачите на акцијата „Биди Зелен“

„Го Грин“ или „Биди Зелен“, нова невладина организација со амбиција да стане дел од регионална мрежа во борбата за заштита на животната средина.

Антонио, колку што можев да забележам од вашата веб страница, Го Грин не е еколошка органзација во класична смисла на зборот. Шансата еве лично со вас да ни кажете кои сте вие?

Во секој случај нашата главна област на дејствување е екологија и одржлив развој, но како што рековте и вие, не класична еколошка организација. Работиме со млади луѓе со цел да активираме лидерство кај младите луѓе преку пружање на една програма каде што ќе изградат вредности кои што сметаме дека се позитивни и ќе генерира едно позитивно однесување во нивната околина.

Тоа лидерство во што се состои, како ќе дејствуваат тие млади лидери?

Ние градиме и сега бидејќи сме млада НВО, ја развиваме таа едукативна платформа каде што би сакале младите да се активираат во проекти, да преземаат одговорност, да бидат тим лидери, да имаат одговорност уште на млада возраст, додека се во средно училиште, да ја почувствуваат одговорноста на еден менаџер, на еден лидер, а ние со нашите услуги на некој начин ги поврзуваме и им нудиме тренинзи, семинари, предавања, за малку да станат посвесни за самите себе, за нивните способности, но за колективните способности.

Кон кои области ви се насочени активностите?

Главна област ни е екологија и одржлив развој. Имаме повеќе проекти, имаме проект за електронски отпад, огранизираме конференции, енергетската ефикасност на самите училишта, а главна и централна алатка е списанието што го дистрибуираме за едукација за подигнување свест во училиштата.

Кои се вашите визии?

Ние се стремиме да станеме значајна организација на регионот, значи да бидеме еден сегмент на информации, технологии, знаења од ЕУ, значи од Европа кон овој регион. Значи ние почнуваме со Македонија нашето седиште е во Скопје, но е веќе отворивме канцеларија во Приштина, следната е во Тирана, во Белград и во Загреб. Значи сакаме регионално да бидеме присутни, овој концепт да биде присутен, да бидеме препознатливи по тоа во овој регион.

Значи ќе соработувате заедно на оваа проблематика?

Целата стратегија и пристап кон младите ќе биде, како што се развива тука во Македонија, значи преку формирање на „Биди зелен“ клубови во училиштата, инволвирање на младите во семинари итн, значи истото ќе биде и на регионално ниво. Во 2011 година планираме регионална конференција каде што ќе бидат присутни млади од целиот регион кој ќе работат и ќе се запознаат.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG