Достапни линкови

Локалните узбекистански лидери виновни за немирите во Киргистан


Урната куќа по немирите во Ош
Комисијата која ги истражуваше причините за судирите меѓу етничките Киргистанци и Узбекистанци денеска ги обвини лидерите на локалната узбекистанска заедница, како и роднините на поранешниот претседател Курманбек Бакиев за потикнување на немирите.
Комисијата соопшти дека за евентуална вмешаност на странски сили е потребна дополнителна истрага во која би биле вклучени тајните служби на Киргистан, Русија, Таџакистан и Узбекистан.
Според комисијата и локалните власти се виновни бидејќи не ги послушале предупредувањата од безбедносните сили за можната појава на насилство.
Во етничките судири меѓу граѓаните на Ош и регионот Џалал-Абад во јужен Киргистан во јуни во минатата година загинаа 400 луѓе, а околу 2000 беа повредени.
XS
SM
MD
LG