Достапни линкови

Безбедноста во регионот по нападите во Атина


Атина
Атина

Експертите сметаат дека нападите во Атина имаат одредено влијание и слични ситуации можат да се случат и во соседните земји.

Серијата напади на амбасади во Атина не се опасни по безбедноста на земјава, велат од МВР, а за експертите таквите појави може да се прелијат и во соседните земји. Од Министерството за надворешни работи им препорачуваат на граѓаните да не патуваат во Грција и да ги избегнуваат критичните места. Тие се и во постојан контакт со Амбасадата на Македонија во Атина, каде што според нив нема проблеми со нејзината безбедност. Потпаролот на МВР, Иво Котевски вели дека тие ја следат ситуацијата во нашиот јужен сосед и дека нема простор за загриженост во земјава.
Засега немаме никакви индиции за посериозна закана


,,За сега немаме никакви индиции за посериозна закана."

Атина, вчера

Професорот Владимир Пивоваров вели дека причината за обидите за напади во Грција се поради општествено нестабилната ситуација на земјата и нерешените прашања со соседите, но тоа не ја исклучува можноста и во регионот да се појават такви акти.

,,Немора да значи дека и останатите дипломатски претставништва во регионот, нема да бидат иден предмет и цел на терористички организации на ист, сличен или на поинаков начин да извршат вакво криминално влијание. Треба да се има во предвид пораката што е испратена до дипломатските претставништва дека можат да бидат нападнати и тоа е она што не загрижува."
Немора да значи дека и останатите дипломатски претставништва во регионот, нема да бидат иден предмет и цел на терористички организации на ист, сличен или на поинаков начин да извршат вакво криминално влијание

Грција денеска реши и да го запре авионскиот транспорт на пратки на два дена за да се спречи евентуално испраќање на експлозив на адресата на некои европски политичари. Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Зоран Крстевски вели дека има меѓународните стандарди во однос на тоа како некоја пратка се проверува и има одредени мерки кои ги преземаат аеродромите.

,,Македонските аеродроми имаат посебни уреди за прегледување на пратките, и врз основа на тие сознанија се прави селекција на сомнителниот багаж и се утврдува содржината на истиот."

Тие соработуваат и со другите аеродроми, особено од каде што има потенцијална закана за безбедноста.

,,Затоа се прават и пошироки безбедносни проценки во органите на полицијата, меѓу безбедносните органи во државата и ние соработуваме."

Пакети со експлозив од Грција беа упатени до италијанскиот премиер Силвио Брлускони, францускиот претседател Никола Саркози и германскиот канцелар Ангела Меркел. Додека мета на напади во Атина беа амбасадите на Бугарија, Чиле, Мексико, како и Белгија и Холандија.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG