Достапни линкови

Извештајот на ЕК со повеќе критики?


Од минатогодишната прослава на позитивниот извештај на ЕК за Македонија
Од минатогодишната прослава на позитивниот извештај на ЕК за Македонија

Експертите очекуваат критичен извештај од ЕК. Велат, преку ,,алибито" за спорот за името власта ги заборави реформите.

Спорот со името и спроведувањето на реформите се двата клучни услови кои и се потребни на Македонија за влез во Европската унија. Но, од последниот извештај на Европската комисија кој беше оценет како позитивен и по кој земјава доби препорака за почеток на преговори со Унијата помина година дена, а решение за името се уште не е постигнато. Препораките се одамна јасни, а последен на македонската влада и ги порача претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј, а тоа е да не ја пропуштат шансата и да пронајдат компромис со Грција. Притоа тој ја изрази и неопходноста од исполнување на реформите, посебно во областите каде што има назадување и кои ќе се најдат во годишниот извештај за напредокот на земјата, што Европската комисија ќе го објави на деветти ноември.

Евроинтеграциите тапкаат во место

Експертите
Од повеќе причини, прво затоа што Владата со трошењето на парите не ги исполнува основните работи како индикатори што ги побара ЕУ кај нас, ЕК бараше владата да изготви еден вид на трошковник, односно да видат каде ќе се трошат парите и како ќе се планираат трошоците, но тоа не е направено
се согласни дека евроинтегративниот процес на Македонија тапка во место, поради закочениот процес на спорот со името, а тензиите околу преговорите ја дефокусирале владата од реформските процеси и затоа за разлика од лани во овогодинешниот извештај ќе има повеќе критики упатени кон адресата на владата.
Директорот на Македонскиот центар за европско образование, Лидија Димова вели дека годинава од Македонија се бараше многу малку да сработи, но земјата не успеа ни тоа да го оствари. Таа очекува најмногу критики да има во делот на економијата.

,,Од повеќе причини, прво затоа што Владата со трошењето на парите не ги исполнува основните работи како индикатори што ги побара ЕУ кај нас, ЕК бараше владата да изготви еден вид на трошковник, односно да видат каде ќе се трошат парите и како ќе се планираат трошоците, но тоа не е направено."

Спорот за името ,,алиби" за Владата за сите неуспеси на патот кон ЕУ, велат експертите
Но, според неа нема да заостанат и одредени области кои претходно не биле оценувани негативно како слободата на говор и оние за кои редовно се бара некаков прогрес.

,,ЕК бараше од владата да го реши проблемот со МРТВ и со собирањето на таксата, тоа го направија, но како го направија е многу спорно. Начинот на кој го направија фактични покажува дека вие имате државен интервенционизам на сите страни. Јавната администрација ќе биде повторно искритикувана, судството ќе биде повторно искритикувано, нема никакви изненадувања тука."

Професорот Лазар Лазаров вели дека има мал напредок во некои области, но се уште сме далеку од остварувањето на европските стандарди.

,,Во областа на администрацијата, корупцијата, генерално има позитивни резултати, меѓутоа далеку сме од оние стандарди што ги бара ЕУ и другите институции. Значи треба уште многу работи да се направат за да личиме на странска држава, каде што ќе функционира правото."

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу пак вели дека има многу сфери, каде што реално нема напредок, а за кои неколкупати досега
Реално, нема некои големи реформи во сферата на судството, во сферата на професионализација на јавната администрација, гледаме дека и меѓуетничките односи, спроведувањето на Рамковниот договор ќе се постават како прашање, значи има многу теми каде што реално ние не сме ја сработиле работата
претставниците на меѓународната заедница не алармирале.

,,Реално, нема некои големи реформи во сферата на судството, во сферата на професионализација на јавната администрација, гледаме дека и меѓуетничките односи, спроведувањето на Рамковниот договор ќе се постават како прашање, значи има многу теми каде што реално ние не сме ја сработиле работата."

И поранешниот државен секретар во Секретаријатот за евроинтеграции, Перо Димшовски вели дека извештајот ќе биде полош од мината година, бидејќи законите кои ги бараше Европската комисија не се донесоа и политичкиот процес е во застој.

,,Пред се законот за антидискриминација каде што одредени ранливи групи не се споменати по име, пред се хомосексуалците и тоа сеуште е проблем веројатно, законот за води исто така е сеуште проблем. Сега нешто ново за кое се зборува се проблемите околу медиумите, односно медиумската слобода, слободата на изразување на новинарите."

Извештајот полош од минатогодишниот?

Причината поради која споро се одвива остварувањето на реформите Лазаров го гледа во навиките на луѓето и недостатокот од одговорност кај политичките партии.

,,Декларативно се изјавува се и во Парламентот и во Владата, но во пракса тешко тоа функционира кај нас, тешко се спроведува, тешко се менуваат навиките кај луѓето, треба да се создаде чувство на одговорност, меѓутоа чувство на одговорност кај сите и за владечките субјекти, но и за останатите да биде еднакво."

Димова смета дека доволно е да се види последниот ребаланс на буџетот на владата, за да се сфати зошто нема реформи во државата. Во сите клучни области каде што се бараат резултати се скратени парите, вели таа.

,,Во делот на мали и средни претпријатија во нашиот буџети има еден милион денари, видете колку пари има за споменици, апсурдно многу... Значи вас ви се предност спомениците, на сметка на малите и средни претпријатија. Видете го буџетот за Секретаријатот за европски прашања, со ребалансот на буџетот тоа е 500% намален, тоа покажува дека вие немате потреба да трошите пари за ЕУ... Видете го буџетот за Комисијата за спречување на корупција или оној за судството..."
Спорот со Грција е ,,мелем за рана" за оваа влада, затоа што неможе да прикаже други резултати и поради тоа ова како изговор и служи за добивање на гласови



Судството и борбата против корупцијата едни од областите што и годината ќе бидат критикувани?
Спорот со името и е изговор на владата за недостатокот на резултати, додава Димова.

,,Спорот со Грција е ,,мелем за рана" за оваа влада, затоа што неможе да прикаже други резултати и поради тоа ова како изговор и служи за добивање на гласови."

Димшовски смета дека на владата оваа година главен приоритет не и биле реформите.

,,Значи не беше тоа главен приоритет, дискусиите кои се водеа барем во јавноста беа чисто околу некои маргинални политички прашања за добивање ситни политички поени, пред се на владеачката партија односно Владата."

Александар Спасеновски од ВМРО ДПМНЕ и член на Националниот совет за евроинтеграција вели дека владата останува посветена на европските цели и оти проблем е само името.

,,Имајќи го во предвид контекстот во кој што се одвива процесот на евроинтеграциите за Македонија, забавениот од на Република Македонија кон Брисел, е ирационалниот спор на Грција во однос на Македонија."
Ако бевме лидер пред 7-8 години сега сме на опашката на тие кои имаат подобри шанси да влезат. Значи тоа е нашата реалност

Последни во регионот

Епилогот од ваквата ситуација според Муслиу ќе биде од земја која беше пред другите во регионот во темпото на евроинтегративниот процес во иднина ќе стане земја која заостанува далеку зад нив.

,,Ако бевме лидер пред 7-8 години сега сме на опашката на тие кои имаат подобри шанси да влезат. Значи тоа е нашата реалност, ако сме биле неколку години наназад во предност и во однос на Хрватска и во однос на Србија, сега во однос на Хрватска сме далеку поназад, а со Србија реални се шансите тие да не надминат."

Димова вели дека Европската унија веќе прави планови за работата во 2020 година, а ние неможеме да ги решиме се уште поставените задачи. Ако е таа динамиката, тогаш и името да биде решено ние ќе треба со Унијата да преговараме долги години, а којзнае кога би станале членки на европското семејство.

,,Оставете го проблемот со името, да се апстрахираме дека не постои. И утре да добиеме зелено светло, со овој капацитет и со вакво водење на политики, Македонија неможе да стане членка и сето друго е замајување на јавноста."

Димшовски вели дека политиката на Унијата е секоја земја која сака да стане членка мора да ги реши најпрвин билатералните спорови кои ги има со соседите. Таа го следи и демократскиот процес во земјата и нејзината способност да ги затвори прашањата кои се приоритетни. Неуспехот на двете полиња ќе не одалечи од целта, вели тој.

,,Ќе имаме помал приоритет, помал пристап до тие важни институции каде што можевме многу брзо да затвориме голем дел од
Ќе имаме помал приоритет, помал пристап до тие важни институции каде што можевме многу брзо да затвориме голем дел од поглавјата
поглавјата, што значи ова ќе ни се одрази, дури и да ги започнеме преговорите во наредната година ние ќе бидеме во една ситуација таму по ходниците да мораме да бидеме во ред со другите земји од регионот, ќе ни се одрази со тоа што процесот на зачленување ќе трае подолго."

Според Спасеновски пак Македонија најбрзо ќе стане дел од Унијата, доколку продолжи со реформите и прифаќањето на европскиот стил на живот.

,,Мислам дека најважно во овој момент е нашата државата да продолжи забрзано да ги остварува европските реформи и забразно да го прилагодува сопствениот правен поредок до оној на ЕУ, така најбрзо и најдобро ќе бидеме дел од ЕУ доколу ги прифатиме нивните европски вредности, но и начинот на живеење."

Ромпуј замина, но и наговести на владата кои ќе бидат забелешките кои може да ги очекува во извештајот. Независноста на судството, подобрување на ефикасноста на јавната администрација, спроведување на Охридскиот договор, како и обезбедување на слобода на изразувањето во медиумите и состојбите во економијата. Но најпрвин за да дојде Македонија до датум за преговори за влез во унијата главниот проблем останува, а тоа е изнаоѓање на компромис за спорот со Грција. Дали земјата ќе чекори напред, или ќе падне во заборав според експертите одлучува владата. Премиерот Никола Груевски и натаму тврди во јавноста дека останува верен на реформите и во разговорите за името под покровителство на ОН.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG