Достапни линкови

Груевски- Папандреу, разликите остануваат


Разговорите оценети како позитивни, иако се потребни уште многу средби за надминување на разликите

По две одлагања на закажаниот состанок, Груевски и Папандреу во Брисел разговараа за решавање на спорот за името. За разлика од минатите средби кои траеа по половина час, оваа траеше нешто повеќе од час и половина.

„Разговорите може да се оценат како позитивни, но ќе треба да се одржат уште многу средби и продолжение на македонско –грчкиот дијалог за да може во иднина секоја следна средба да биде прилика за надминување на одредени разлики кои постојат од двете страни. Важно е што и кај двајцата премиери постои политичка волја на оваа прашање сериозно да му се пристапи со цел да доживее одреден напредок кој би можел да значи разрешување на овој билатерален проблем“-
Ке треба уште многу средби и продолжување на македонско грчкиот дијалог за во иднина да бидат надминати разликите...

изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, за средбата меѓу Груевски и Папандреу.

Грчката позиција останува иста?

Според информациите, грчката позиција останува иста, име со географска одредница за севкупна употреба. Грчките власти претходно изјавија дека Атина е подготвена за компромис, и токму затоа Папандреу ја прифатил средбата иницирана од страна на Груевски.

Грчката страна информира дека ништо конкретно не произлегло од состанокот Груевски – Папандреу. Позитивна работа е што состанокот послужил за поправање на негативната атмосфера создадена од изјави на функционери во минативе месеци, вели портпаролот на грчкото МНР, Грегорис Делавекурас.

Ниту македонската, ниту грчката страна не излегла со некоја идеја за надминување на спорот. Не се информира дали Папандреу го слушнал тоа што го очекуваше – дали се можни отстапки од македонска страна.

Брисел очекува продолжување на средбите


Брисел очекува ваквите средби да ги приближи позициите на двете страни, од што ќе зависи и дали Македонија ќе добие покана за НАТО на претстојниот Самит и зелено светло за почеток на преговори со Унијата. Двајцата премиери се согласиле дека спорот и натаму треба да се води под покровителство на ОН. Ова е седма средба по ред на двајцата премиери откако Паппандреу е избран за премиер на Грција. Иако претходните средби не донесоа конкретни резултати , сепак на ваквите средби се гледа позитивно и влијаат за создавање подобра клима и јакнење на довербата.

Груевски при неговата посета на Брисел имаше набиена агенда, се сретна со челниците на ЕУ и НАТО. По средбите со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон и со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен Груевски изјави дека Македонија е подготвена и има силна волја за надминување на билатералниот спор за Грција околу уставното име под покровителство на ОН со решение што ќе биде прифатливо за народите во двете земји Денеска е и средбата со еврокомесарот за проширување Штефан Филе.






,
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG