Достапни линкови

Нетранспарентност на буџетот


Податоците покажуваат дека транспрарентноста на буџетот е 49, од можни 100 отсто. Граѓаните не се доволно информирани, иако за владините проекти се трошат токму нивните пари.

Градилишта, камен темелници и свечени отворања. Понатаму, проекти за подигање на свеста, обуки и кампањи. Голем дел од овие работи не се финансираат од ВМРО, нити пак се плаќаа од СДСМ или друга политичка партија. Популарно познатите „средства“ не се ни на владата, туку се ваши. Со пари од Буџетот, познат како народната каса, се финансираат голем дел од владините проекти и активности. Според економската теорија, граѓаните, кои за време на избори се гласачи, бираат група лидери на кои, меѓу другото, им ги даваат народните пари на располагање, надевајки се дека ќе бидат потрошени за (вообичаено) подобрување на животниот стандард, за напредок и слично. Но, дали граѓаните знаат точно како се трошат народните пари?
Што да ви кажам, не сум по тоа.
Еве ги одговорите на анкетираните:

„Што да ви кажам, не сум по тоа.“

„Не знам навистина.“



Транспарентноста на Буџетот е 49 проценти од можни 100, покажа истражувањето на Институтот за буџетска политика. Во истражувањето биле вклучени 94 земји. Од регионот, Македонија е повеќе транспарентна од Босна и Херцеговина, а пред нас се Хрватска Србија и Словенија. Скорот годинава е понизок за 5 проценти во споредба со 2008 година. Зошто е битно транспарентното планирање и извршување на буџетот објаснува Марија Ристеска од Центарот истражување и креирање политики.
Граѓаните очекуваат, но и ЕУ очекува Владата да усвои нов пристап при презентирањето на буџетот, тој наместо линиски да биде програмски, што ќе овозможи полесно следење на трошењето на парите во однос на очекуваните
резултати.


„Сите тие планови, програми и политики имаат за цел да го подобрат живеењето на граѓаните, тие би требало да знаат со што тие ќе се реализираат и уште повеќе да знаат како ќе се постигнат целите.“

Главните забелешки нотирани во американското истражување се однесуваат на непостоење на предбуџетска изјава, немањето граѓански буџети и невнесувањето на јавниот долг во документот. Уште една забелешка е фактот што имаме линеарен а не програмски буџет кој го бара Европската унија. Ристеска појаснува:

„Граѓаните очекуваат, но и ЕУ очекува Владата да усвои нов пристап при презентирањето на буџетот, тој наместо линиски да биде програмски, што ќе овозможи полесно следење на трошењето на парите во однос на очекуваните резултати.“

Забелешки за нетранспарентноста на буџетот има и од опозицијата. Пратеникот на СДСМ Марјанчо Николов вели дека, меѓу другото, при планирањето на расходите од народната каса се проблематизираат приоритетите:

„Нема јавна расправа за да се види кој проекти од тие што се предложени се приоритетни, а кои се помалку приоритетни.“

Од Министерството за финансии реагираат дека буџетот се подготвува во согласност со закон и оваа година тој бил предаден порано од лани. Министерството конечно забележува дека од Центарот за истражување и креирање политики не ја именувале организацијата која го спровела истражувањето. Од Центарот, пак, посочија дека истражувањето наречено „Open Budget Index“ го спровел Институтиот за буџетска политика од Вашингтон.
XS
SM
MD
LG