Достапни линкови

Средства за семеен бизнис


Во Агенциите за вработување течат последните денови кога невработените лица можат да ги достават апликациите за добивање на средства за отпочнување на свој бизнис. Во Велес интересот е голем.

Уште оваа недела во Агенцијата за невработени лица може да се доставуваат апликации за добивање на финансиски средства за отпочнување на семеен бизнис. Ова е дел од проектите на Владата за самовработување со што ќе се намали бројот на невработени лица.Според Ангел Ѓоргиев, раководител на Агенцијата, невработените лица кои имаат намера да конкурираат за добивање на почетен капител неопходно е својата идеја да ја споделат со вработените во Агенцијата со чија помош ќе изработат и бизнис план.
Да бидат на евиденција најмалку една година, кој факт ќе го докажат со потврда која ние ќе им ја издадеме. Во кратки црти да кажат кој а е основната идеја со каква дејност ќе се занимаваат. Со помош на нашите служби ќе изготват мини бизнис план


„Да бидат на евиденција најмалку една година, кој факт ќе го докажат со потврда која ние ќе им ја издадеме. Во кратки црти да кажат кој а е основната идеја со каква дејност ќе се занимаваат. Со помош на нашите служби ќе изготват мини бизнис план“

вели раководителот Ѓоргиев. Со овој Владин проект за намалување на невработеноста до самовработување можно е да дојде секе невработено лица. Нема ограничување по старосната граница, но можно е здружување на неколку невработени лица. Средствата кои ќе се одобрат мора да се инвестираат според одобрениот бизнис план. Рокот на враќање е три години со грејс период од една година и еден отсто годишна каматна стапка.

„Да потсетиме дека три илјади евра е сумата за кредитирање на едно лице во фирма за самовработување .Има можност за здружување и до пет лица значи лимитот е петнаесет илјади евра кој може да се добијат.“

вели Ѓоргиев. Во изминатите четири години по трет пат Владата издвојува средства за кредитирање на невработени лица кои имат издржани бизнис планови. Според раководителот на Агенцијата за невработени лица во Велес статистиката покажува дека лицата кои со финанска помош од Владата отпочнале свој бизнис, успешно опстојуваат.

„Се покажа дека сите оние кои што отворија фирми кои се самовработија во своите фирми егзистираат и успееја на пазарот дури 80 посто, дадените средства ги враќаат со определената динамика, значи оставруваат приходи и се способни да ги вратат потребните средства кои што пред некоја година ги земале.“

вели Ангел Ѓоргиев. Во Велес бројката на невработени лица е околу 14 илјади. Профилот на невработените е разноврстен, од неквалификувани до лица со магистерски дипломи. Токму проектот на Владата за доделување на парични средства за отпочнување на свој бизнис е можност дел од овие невработени лица да го решат сопственото егзистенционално прашање.
XS
SM
MD
LG