Достапни линкови

Манастирот Св. Никола, споменик на културата


Манастирот Св. Никола во Мариово
Манастирот Св. Никола во Мариово

Манастирот Св. Никола во мариовскиот крај датира до 11 век е со огромна културно-историска вредност. Годинава Министерството за култура не одвои пари за археолошко истражување на манастирот.

Министерството за култура годинава не одвои пари за археолошки истражувања во манастирот Свети Никола во мариовското село Манастир, иако се работи за споменик на културата со огромна културно-историска вредност, кој датира од раниот 11 век. Археолозите кои со децении работат на овој објект истакнуваат дека историјата на манастирот се дели на две етапи. Во првата е конституиран
Откривме сегменти од манастирскиот комплекс, сакралниот сегмент каде што се извршени погребувања, монашки по својот карактер и профани, односно градби наменети за живеење и стопанисување.
монашкиот живот, а во втората од крајот на 14 и почеток на 15-век, манастирот прераснал во развиен цивилизациски, економски, културен и духовен центар на Мариово, гледано во контекст и релација со Солун, кој бил познат како Париз на средновековието.
Манастирот изобилува со слоевити археолошки наоди, откриен е богат фрескоживопис, сакрален дел, долните делови на црквата, посветена на Свети Никола, која била рушена и повторно градена низ вековите.

Отец Никола, игумен во манастирот
„Откривме сегменти од манастирскиот комплекс, сакралниот сегмент каде што се извршени погребувања, монашки по својот карактер и профани, односно градби наменети за живеење и стопанисување. Тоа се едно од уникатните досега решенија на вака рано решение на манастирски комплекс на просторот на Македонија“, истакнува д-р Бранислав Ристески, раководител на археолошките истражувања на манастирот во изминатите 20 години.

Според неговите проценки потребни се уште 5-6 години да се заокружат археолошките истражувања само во јадрото на манастирот. А, напорите на игуменот се што поскоро манастирот да ја врати својата првобитна фунцкија, кога бил духовен центар на Мариово.
И овој манастир сметаме дека да прерасне во еден таков духовен центар на Мариово, во скоро време би очекувале да се изгради гостинскиот конак.

„И овој манастир сметаме дека да прерасне во еден таков духовен центар на Мариово, во скоро време би очекувале да се изгради гостинскиот конак, да се овозможи во други простории да се извршуваат духовни и културни активности и тоа ќе биде пресудно за понатамошниот живот на манастирот“, изјави отец Никола, игумен и единствен монах во манастирот Свети Никола.

Со денационализацијата е вратен имот на МПЦ и обновен монашкиот живот, манастирот не може да го стави сепак во функција својот простор, па наместо развиена економија, сега се обидува егзистенцијата да ја обезбеди со пчеларство. Сепак во тек се бројни градежни зафати за изградба на монашки, гостински конак, кујна...
За манастирот Свети Никола кој се наоѓа во средиштето на Мариово, засега најголем интерес покажуваат странски туристи, пред се авантуристи кои трагаат по скриените култури богатства на Македонија.

„И манастирот заедно со другите институции ги понуди своите можности за изразување на гостопримство на тие луѓе,кои ќе трагаат по таа убавина. Со помош на Општината Прилеп, кон крајот на месец септември ќе биде објавена една брошура за главните центри и места што можат да бидат посетени во Прилепско Мариово: манастирот Свети Никола, манастирот Свети Илија, селото Витолиште, крај брегот на Црна како едно повторно атрактивно место во Мариово“, најави отец Никола.

Но, за да се стави во функција на руралниот и манастирски туризам, треба што поскоро да завршат археолошките истражувања во овој духовен храм. Инаку Мариово плени со својата еколошка чистота, природни ресурси како вода, рудни богатства, ретка флора и фауна.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG