Достапни линкови

Пропадна проектот за развој на туризмот во Мариовско


Мариово
Мариово

Фамозниот проект „Финско село„ кој што прилепската локална самоуправа го најавуваше како носечка инвестиција за развој на туризмот во мариовското село Манастир не успеа. Мешовитата македонско-финска фирма која ги има закупено дел од објетите во селото, досега нема инвестирано ништо.

Фамозниот проект „Финско село„ кој што прилепската локална самоуправа и градоначалникот Марјан Ристески го најавуваа на голема врата како носечка инвестиција за развој на туризмот во мариовското село Манастир не успеа. Мешовитата македонска финска фирма која ги зеде под закуп двата објекта на поранешната селска, а сега сопственост на општина Прилеп повеќе од 3 години не закова ниту една шајка, а не да ги реновира објектите и да носи фински туристи. Од локалната самоуправа, многу не сакаат да зборуваат на оваа тема, но велат дека им даваат шанса на финците до крајот на годинава, да почнат со работа, во спротивно ќе го раскинат договорот. Објектите во сопственост на општината пропаѓаат од забот на времето, како и куќите градени во архаичен стил, ѕидани со камен, зашто селото е пусто, веќе нема жители. Среде село каде што некогаш имало џагор, детска игра и радост,сега нема кој да се разладува, освен пчеларите и случајните минувачи.

„Селото е опустошено, нема последен жител да живее тука никој. Од време на време доаѓаат некој, се занимаваат со ситно пчеларење. Мештаните што живееле овде да се вратат повторно не би рекол дека ќе се вратат зашто немаат средства за да се вратат, за да го обноват животот тука, треба да вложат нешто, треба инвестиции, треба средства, меѓутоа тоа го нема.“

Вели Орде Спасески,еден од поранешните жители, кој што во моментов одгледува пчели во Манастир. Асфалтираниот пат изграден со
Мештаните што живееле овде да се вратат повторно не би рекол дека ќе се вратат зашто немаат средства за да се вратат, за да го обноват животот тука, треба да вложат нешто, треба инвестиции, треба средства, меѓутоа тоа го нема
пари од Европската агенција за реконструкција е само во фунцкија на некои намерници кои од време на време доаѓаат да уживаат во прекрасната природа и чистиот воздух.

„Многу е фино, ми се допаѓа, природата е многу убава, се е убаво, ама нема луѓе.“

„Од градот да дојде овде на село, не! Може да дојде за викенд како за сабота, недела, а да живее не иде, убаво е, чист возхуд, секое нешто, ама тоа е доцна.“

Велат Таца и Ристо Анастасовски, иселеници во Австралија, кои ги затекнавме во посета на селото Манастир. Единствена надеж за равој на туризмот останува манастирот Свети Никола, со истоимената црква која датира од 11 век.

„Покрај монашкиот конак, кој што се надеваме до средината на следната година да биде ставен во функција, ќе биде изграден и гостински конак, гостинска трпезарија и еден културен центар во кој што ќе се случуваат изложби, семинари, значи настани на некое пошироко културно делување.“

Вели отец Никола, игумен на манастирот.Археолошките испитувања, реставрацијата и конзервацијата на фрескоживописот и изградбата на конаците се финансирани од Министерството за култура и бизнис-секторот.
Но, дали и со изградбата на манастирот ќе заживее манастирскиот туризам и како ќе се развива, рано е да се зборува. Во секој случај значајна е ревитализацијата на манастирот, кој е дел од антологијата на споменици на култура со иконографија и фрескопис, карактеристични за константино-полската иконографската школа.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG