Достапни линкови

Повеќе туристи во Преспа


Плажата во Сливница на Преспанското Езеро
Плажата во Сливница на Преспанското Езеро

Угостителите во Преспа задоволни, капацитетите исполнети. Има и странски туристи кои забележуваат – недостигаат мали нешта за комплетно уживање

Надојденото езеро годинава донесе и повеќе туристи во преспанскиот крај. Само за празникот, околу 20 илјади туристи ја посетија Преспа, па на плажите на Сливница, Стење и Долно Дупени немаше ниту едно слободно место за паркинг. Жителите кои се занимаваат со туризам во преспанскиот крај велат дека секој ден се бара кревет повеќе. Угостителите тријат раце по оваа туристичка сезона, кога во убавите денови капацитетите се исполнети во целост. Најголем број од туристите се од Прилеп, Битола и Скопје, кои поради ниските цени доаѓаат во Преспа. Меѓу посетителите може да се видат и неколку странски туристи кои велат дека сакаат одморот да го поминат во истражување.

„Ми се допаѓа бидејќи е поразлично од западноевропските земји. Има се, убава природа, култура, храна и езеро.“

„За прв пат во нашиот живот спиеме во манастир и е прекрасно.“
Разликите се во културата, тоа што кај нас е вообичаено, кај нив тешко оди. Јас ги учам да јадат риба без прибор, дека така е најдобро. Тие не јадат глава од риба, а тука се јаде со глава. Отприлика оние работи што ги нема кај нив, природата, едноставноста...


„Ми се допаѓа многу, бидејќи е нормално и не е преоптоварено со туристи.“

Плажата во Стење на Препанското Езеро

Туристичкиот водич Даниел Медаровски вели дека од странските туристи најмногу доаѓаат Холаѓани, Израелци, Полјаци и Французи. Тој додава дека тие се воодушевени од зеленилото, природата, планините и културата.

„Разликите се во културата, тоа што кај нас е вообичаено, кај нив тешко оди. Јас ги учам да јадат риба без прибор, дека така е најдобро. Тие не јадат глава од риба, а тука се јаде со глава. Отприлика оние работи што ги нема кај нив, природата, едноставноста...“

Медаровски вели дека за да може да доаѓаат повеќе странски туристи потребно е повеќе да се вложи во малите нешта кои многу значат.

„Во Македонија нема јавни тоалети. Тоа е прво. Второ, означеноста на патиштата, знаци или еднојазични или тоа што е напишано на кирилица е само напишано на латиница што за нив ништо не значи. Потоа инфраструктурата, на аеродромите се нафрлаат таксисти...“

Дел од странските туристи за Македонија како туристичка дестинација прочитале на интернет, но се жалат дека им недостигаат неколку работи за да уживањето им биде комплетно.
Ни фалат јавни тоалети.


„Некои од девојките кои работат не знаат англиски.“

„Ни фалат јавни тоалети.“

„Песок на плажите.“

„Ми недостига македонска кујна, има само фаст-фуд.“

Жителите на преспанскиот крај велат дека оваа година заживеа туризмот и се надеваат дека наредната година ќе биде подобра од оваа.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG