Достапни линкови

Нов граничен премин кон Албанија


На Македонско – албанската граница кај Дебар по повод Илинден е промовиран новиот граничен премин ,Џепиште – Требиште, втор по преминот Блато.

Овој граничен премин, кој официјално се очекува да профункционира наесен, се верува дека видно ќе влијае врз зголемувањето на економската соработка на населените места од областа Голо Брдо во Албанија и општините Дебар и Струга. Жителите од селото Требиште, но и другите села на Голо Брдо, онака како што било пред 6 декади така и сега, ќе доаѓаат на пазар во Дебар за само 20- тина минути.
На втори август го промовиравме граничнииот премин Џепиште – Требиште кој ќе се пушти официјално во кратко време. Нашата идеја беше на овој голем македонски празник да направиме промоција на граничниот премин кој работел до пред 63 години.


„На втори август го промовиравме граничнииот премин Џепиште – Требиште кој ќе се пушти официјално во кратко време. Нашата идеја беше на овој голем македонски празник да направиме промоција на граничниот премин кој работел до пред 63 години. За Македонија ова е голем политички чекор, додека за Република Албанија уште една врска повеќе во односите со Република Македонија“, изјави заменик министерот за надворешни работи на Македонија Зоран Петров.

Новиот граничен премин кон Албанија, за заменик министерот за локална самоуправа Фарук Фератовски претставува можност за зголемување на соработката на локалните власти од двете страни на границата и заедничко учество во ИПА фондовите што ги дава Европа.

Центарот на Дебар

„Со отварањето на преминот се создаваат поголеми услови за соработка на локалните власти во двете држави, а тука треба да се напомене и пограничната соработка во однос на ИПА фондовите што се предвидени за Македонија и Албанија. Пограничната соработка е потреба на времето, како и нејзиното интензивирање“, вели Фератовски.
Ако овој премин беше отворен пред 15 години немаше да има масовна миграција на населението од Голо Брдо. Овде имаше над 150 илјади Македонци кои денеска се иселија во други градови во Албанија, а многу се и на печалба во соседните земји.


На промоцијата се сретнаа и локалниот лидер на партијата на Македонците во Албанија Македонска Алијанса за областа Голо Брдо Едмонд Османи и членот на локалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ за Дебар Атиф Бајрамовски:

„Ако овој премин беше отворен пред 15 години немаше да има масовна миграција на населението од Голо Брдо. Овде имаше над 150 илјади Македонци кои денеска се иселија во други градови во Албанија, а многу се и на печалба во соседните земји“, вели Османи.

Тој додава дека сега, со отварањето на овој премин и неговото асфалтирање во септември, нема потреба до Дебар да се патува 80 километри, да се врти наоколу, туку се пристигнува за многу кратко време.

„Ова е голем ден за нас сите. Нашите браќа и сестри од другата страна на границата беа раздвоени и сега дојде моментот да сме заедно и за добро и за лошо“, вели Бајрамовски.

Во Требиште во Албанија се сретнавме и со 80-годишниот Алит Алити, кој е сведок на фактот дека до втората светска војна токму преку овој премин се патувало кон Дебар.

„Се сеќавам дека во 1939 година патував за Дебар преку овој премин. Нашите роднини се на другата страна од границата. Не ја видов мојата сестра во село Џепиште, која почина пред повеќе години, токму поради оваа граница. Сега сме радосни“, вели Алити.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG