Достапни линкови

Стечајците ќе го блокираат граничниот премин Табановце


Стечајци во Куманово
Стечајци во Куманово

Стечајците од Куманово кои четири месеци штрајкуваат во зградата на поранешниот Комитет во Куманово, за вторник најавуваат блокада на граничниот премин Табановце.

Стечајци, економски и технолошки вишок од Здружението УНИТ за Куманово, Липково и Старо Нагоричино, безмалку четири месеци штрајкуваат во зградата на поранешниот Комитет во Куманово. Разочарани, гладни, со нарушено здравје и неплатени сметки за
Ние трпиме за леб. Не дотераа до просјачки стап. Немаме ништо, дома само се караме. И ние имаме право на живот. Ние сме го граделе сето ова што постои. Вака ли се оди во Европа? Премиерот нека се освести и нека не згрижи со 4 или 5 илјади денари. Немаме платено струја и вода за шест седум месеци. Срамота е да немаме ниту пет денари и да се молиме.
потрошена струја и вода, тие не отстапуваат од нивното единствено барање, обезбедување на нивната егзистенција.

Стечајците, „Денот на дрвото“ го одбележаа со блокада на влезот на Куманово и со „засадување“ суви дрвца на асфалтот, а за вторник по Велигденските празници, заедно со нивните колеги од другите градови најавуваат блокада на граничниот премин Табановце, на македонско-српската граница. Сашо Наковски е 60-годишен, а технолошки вишок е од Градежното претпријатие „Козјак“ од Куманово. Тој ја раскажува својата приказна:

„Ние трпиме за леб. Не дотераа до просјачки стап. Немаме ништо, дома само се караме. И ние имаме право на живот. Ние сме го граделе сето ова што постои. Вака ли се оди во Европа? Премиерот нека се освести и нека не згрижи со 4 или 5 илјади денари. Немаме платено струја и вода за шест седум месеци. Срамота е да немаме ниту пет денари и да се молиме.“

Стечаец кој не сака да го каже неговото име со насолзени очи ги покажува сметките за неплатени давачки и извршни судски решенија:

„Кога ќе ги платам?! Кога повторно ќе се родам?! Пет извршни решенија“, вели овој разочаран стечаец.
Никој не сака да ни го реши егзистенцијалното прашање.Секој потег на Владата ќе го искористиме да го искажеме нашиот револт и да ги опоменеме дека и ние сме граѓани на оваа Република Македонија.


Љиљана Георгиевска додава:

„Никој не сака да ни го реши егзистенцијалното прашање. Секој потег на Владата ќе го искористиме да го искажеме нашиот револт и да ги опоменеме дека и ние сме граѓани на оваа Република Македонија.“

Георгиевска вели дека за остварување на нивното право имаат подршка од граѓаните, од невладин сектор и од некои стопанственици. Затоа на граничниот премин ќе заминат со 15-ина автобуси само од Куманово.

„Нашата причина е едноставна - да бидеме нормални граѓани на оваа држава, да добиваме 5 илјади денари да ги плаќаме сметките. Не бараме ништо туѓо, ниту милост од Владата.Бараме наше што сме го заработеле во минатото.“

Стечајците бараат донесување закон за месечен надоместок од 6 илјади денари за стечајци, економски и технолошки вишок со работен стаж над 15 години и возраст 50 години за жени и 53 за мажи. До сега, за ова барање нема позитивни сигнали од Владата.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG