Достапни линкови

Се помалку Грци во Битола


Битола
Битола

Поради економската криза во Грција, се помалку Грци доаѓаат да купуваат во Битола, се жалат трговците и угостителите од овој град. Според податоците на МВР, бројот на грчки посетители е намален за 30 проценти во однос на последните месеци од минатата година.

Битола како пограничен регион е погодена од финансиската криза со која се соочува Грција. Бројот на грчки посетиетли е намален за 30 проценти во однос на последните месеци од минатата година. Според МВР, лани во декември граничниот премин Меџитлија го поминале над 22 илјади странски државјани, од кои претежно Грци, а во јануари годинава влегле нешто повеќе од 14 илјади. Ова лошо се одразува врз битолската економија, зашто се намалува прометот што во градот го правеа грчките државјани. Најпогодена е чаршијата каде тие купуваа од тоалетна хартија, зеленчук овошје па се до месо.
Ги имаше, по четири автобуси доаѓаа порано. Сега ги нема, пет-шест автомобили најмногу. Почнаа и тие да се ценкаат. Лани воопшто не се пазареа, сега од тезга на тезга бараат поевтино.

,,Сега е послабо, лани беше подобро. Грците доаѓаа секој ден, сега во сабота доаѓаат. Инаку во другите денови не доаѓаат, слабо е. Повеќето купуваат зеленчук - кромитче, доматче, зелка. Ги имаше, по четири автобуси доаѓаа порано. Сега ги нема, пет-шест автомобили најмногу. Почнаа и тие да се ценкаат. Лани воопшто не се пазареа, сега од тезга на тезга бараат поевтино.“

,,Беше подобро имав повеќе евра во џебот. Сега е послабо спрема тоа што беше. Тогаш земаа по три-четири килограми спанаќ, сега дали ќе земат еден килограм. Вчера направивме само три-четири евра промет од нив, инаку се правеше по 20-30 евра, некогаш и повеќе“, се жалат пазарџиите.

Освен чаршијата, од слабата посета на Грците погодени се угостителите и трговците со облека.

,,Осетливо е за градот. Јадеа и пиеја по кафаните, па и за текстилот, за патиките кои им беа по 18-20 евра.“
Работата е падната многу со кризата која е настаната како кај нас така и во Грција. Така да послабо доаѓаат и Грците


,,Работата е падната многу со кризата која е настаната, како кај нас така и во Грција. Така да послабо доаѓаат и Грците. Во однос на другиот период пред Нова година многу послабо е сега. За пазарен ден за вторник, петок околу ручек имаше раздвижување од Грците, сега еднаш неделно ако влези некој.“

Се жалат и од менувачниците кои на ден правеле и по две илјади евра промет од грчките посетители, а сега по некоја стотка.

,,Кај нас воопшто нема Грци. Сега со кризата што се чувствува таму, цените одат на горе. Сега кај нас некој менува пет евра, некој десет, друг сто.“

Прометот помалку е опаднат кога се работи за здравствени услуги. Грците, се уште, ги посетуваат битолските стоматолошки и гинеколошки ординации. Кај нас забна протеза се добива за 100 евра, а кај нив за 200, гинеколошки преглед чини 10 евра, а кај нив 25. Кризата не ги погоди ни пумпаџиите, Грците од пограничните села ставаат безнин во Битола.

,,Таму е поскапо евро и пол е литар бензин или евро и триесет тоа е околу 80 денари, а кај нас е околу 60 и нешто. На тоа трошат повеќе, на бензинот“, велат пумпаџиите.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG