Достапни линкови

Неисплатена оштета


Државата се уште ни им ги исплатила парите за штетите, што поради поплавите ги претрпеа земјоделците од Пелагонија пред пет месеци.

Наскоро ќе приврши жетвата, а државата се уште не им ги исплатила штетите што пченичарите од Пелагонија ги претрпија пред пет месеци со големите поплави. За проблемот да биде поголем досега не е исплатена ниту една од штетеите во земјоделието од временските непогоди од минатата и оваа година. Се работи за милионски суми кои ги побаруваат земјоделците како надомест на штета. Само во Пелагониско, при последните поплави беа проценети над 50 илјади евра во индивидуалниот сектор и дури 2 милиони евра во земјоделскиот комбинат Пелагонија. Земјоделците се жалат дека без парична помош од државата одвај ќе сврзат крај со крај.
Времето не отепа, не сакати. Лани градот ни го уништи бостанот, годинава поплавите ја однесоа пченицата. И сега како да преживееме ние. Државата банка нема дадено ни за лани, ни за годинава.


„Времето не отепа, не сакати. Лани градот ни го уништи бостанот, годинава поплавите ја однесоа пченицата. И сега како да преживееме ние. Државата банка нема дадено ни за лани, ни за годинава“, вели Тоде Митревски, земјоделец од Битолско.

Како последица на оштетувањето на посевите од поплавите, годинава се забележани рекордно ниски приноси кај житните култури.

Илустрација: Поле

„Имаме направено анализа за штетите предизвикани од поплавите во зимскиот период со вешти лица и очекуваме резултат од тоа оштетување. Оваа година ќе имаме понизок принос. Сигурно во последните 10 години ваков низок принос не е забележан од 3000 до 3300 килограми“, истакна директорот на ЗК „Пелагонија“, Драги Петровски.
Од Второстепената комисија ќе се достави до Владата на одлучување каде ќе се донесе конечната одлука за висината на обештетувањето.


Министерот за земјоделство, Љупчо Димовски не прецизира кога ќе стигнат парите за земјоделците, но вели дека за да се исплати надомест на штета се минува низ подолга административна процедура.

„Доколку комисиите за проценка на штети од елементарни непогоди, го имаат доставено својот записник, односно тој поминал низ општинските органи, преку Советот каде се врши евалуација и понатаму да се достави до комисијата во Владата, секако дека тоа со најголема сериозност ќе се земе во предвид. Од Второстепената комисија ќе се достави до Владата на одлучување каде ќе се донесе конечната одлука за висината на обештетувањето“, вели министерот Димовски.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG