Достапни линкови

Невремето ги уништи посевите


Жител на Староец го покажува уништениот род
Жител на Староец го покажува уништениот род

Над 100 хектари со пченка, тикви, пиперки и други градинарски култури во кичевскиот крај се уништени при последното невреме.

Над 100 хектари со пченка, тикви, пиперки и други градинарски култури во атарот на кичевското село Староец се покосени при последното невреме. Град со големина на лешник ги столчил насадите. А, приближно 300 жители кои егзистираат само од земјоделство се жалат дека им се уништени насадите некаде до 50 отсто, а на други ниво и целосно.

„Ние од земјоделство живееме, имаме 3 тагари посадено пченка и грав, ни дете ми е вработено, ни снаа ми е вработена, ништо, од тоа работиме и се мачиме и бавчи имаме посадено и пченки, ништо, ништо нема, се е поништено, мажот ми е болен и така се мачиме,
Ние од земјоделство живееме, имаме 3 тагари посадено пченка и грав, ни дете ми е вработено, ни снаа ми е вработена, ништо, од тоа работиме и се мачиме и бавчи имаме посадено и пченки, ништо, ништо нема, се е поништено, мажот ми е болен и така се мачиме, робуваме.
робуваме“, се жали Крста Павлоска, не криејќи ги солзите.

Со истата мака се соочува и Ацко Јованоски.

„Оштетено зеленчук, пипер, има житарици, пченка, гравови, и можеме да кажеме дека 90 отсто е штетата направена каде што не може да се повтори.“

Жителите на Староец тврдат дека откако е повречен противградобијниот систем што се наоѓал во соседното село Карбуница нивите се оставени без заштита.

Уништените посеви во Староец

„Неколку години, тие топови што беа, што испукуваа ракети против градот, се тргнати од тука, од која причина не знаеме, и токму поради тоа бараме да добиеме објаснување зошто и како се тргнати и по можност да се вратат повторно назад, зашто откако тие ги тргнаа се случуваат вакви работи со град, а кога беа тие тука немаше никогаш град“, вели Златко Таневски, жител на Староец.

Исплашени за својата егзистенција овие луѓе бараат помош од државата. Тие веќе ги пријавија штетите во Општина Вранештица и очекуваат стручна комисија да изврши процена на теренот.

„Имам потрошено за тоа околу 2000 евра, тие 2000 евра кога ќе ги вратам, се надевав да извадам жито да ја хранам стоката.“

„Да се направат тие проценки, да речеме 200 килограми грав по 150 денари само од гравот, башка од пченка, башка од пипер, колку еден тон пипер, сме ваделе, кој по тон, кој по два тона.“

„И бараме од државата ако може да ни излезе в пресрет, барем трошоците што се направени да ни ги покрие.“

Доколку државата не преземе мерки за да ги обесштети, жителите на Староец се закануваат дека порадикално ќе го манифестираат своето незадоволство, зашто како што велат во селото од околу 300, само10-тина жители се вработени. Останатите маки мачат по нивните, а заработуваат колку да преживеат.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG