Спроведувањето на човековите права во Македонија, властите го вршат само декларативно, без вистински заложби за заштита на граѓаните, велат експертите. Народниот правобранител Иџет Мемети изјави дека законите кои се донесуваат, немаат услови реално да се имплементираат, бидејќи нема ресурси за таа намена. Години наназад, независно од политичката партија која се наоѓа на власт практикувањето, заштитата и создавањето на услови за уживање на човековите права и слободи во Македонија останува на ниско ниво. На декларативен план, тие лесно се искажуваат во полза на човековите права и имаат ратификувано многу документи, но работата престанува таму, вели Мирајана Најчевска од Центарот за човекови права и разрешување конфликти.
„Нема вистински потези коишто би значеле создавање на услови за нивното уживање, а уште помалку има потези во насока на создавање на контролни механизми кои што би го обезбеделе тоа.“
Законски решенија има, но не се спроведуваат, а вината е и кај властите и кај граѓанските организации вели Емина Нуердиновска од Македонскиот центар за меѓународна соработка.
„Малку повеќе треба да се поведе сметка на спроведувањето на законите. Јас тука не ја обвинувам државата и другите институции туку и граѓанските организации кои што треба да го следат тоа, дека можеби сеуште не сме на она ниво што е потребно за да укажуваме каде најчесто се прави кршење на човекови права и што може ние како граѓански организации да направиме.“
Најчевска вели дека во нашето општество недостасува сознанието дека не е возможно да градиме демократија без услови за практикување на човековите права, а политичките партии не сакаат да создадат механизми, бидејќи немаат последици за нивните акти.
„Во отсуство на контролни, ограничувачки механизми на самоволието на политичките партии тие не чувствуваат за потреба да создадат било каков систем во кој што навистина ќе можат да се практикуваат човековите права. Едноставно не се санкционирани заради тоа.“
Во 2009 година на адресата на народниот правобранител за повреда на човековите права пристигнале 3632 поплаки и за разлика од 2008 има раст од 20 отсто. Трендот на зголемување продолжува и оваа година и досега се регистрирани околу 1700 поплаки од граѓаните.
Нема вистински потези коишто би значеле создавање на услови за нивното уживање, а уште помалку има потези во насока на создавање на контролни механизми коишто би го обезбеделе тоа.
„Нема вистински потези коишто би значеле создавање на услови за нивното уживање, а уште помалку има потези во насока на создавање на контролни механизми кои што би го обезбеделе тоа.“
Законски решенија има, но не се спроведуваат, а вината е и кај властите и кај граѓанските организации вели Емина Нуердиновска од Македонскиот центар за меѓународна соработка.
„Малку повеќе треба да се поведе сметка на спроведувањето на законите. Јас тука не ја обвинувам државата и другите институции туку и граѓанските организации кои што треба да го следат тоа, дека можеби сеуште не сме на она ниво што е потребно за да укажуваме каде најчесто се прави кршење на човекови права и што може ние како граѓански организации да направиме.“
Малку повеќе треба да се поведе сметка на спроведувањето на законите. Јас тука не ја обвинувам државата и другите институции туку и граѓанските организации кои што треба да го следат
тоа.