Достапни линкови

Партизација или професионализација на администрацијата?


Зградата на Владата на РМ
Зградата на Владата на РМ

За власта процесот на правична застапеност на етничките заедници во државната администрација се одвива добро и дека се внимава на критериумите. Опозицијата пак, обвинува дека се врши партизација. Во извештајот на Народниот правобранител беше посочено дека заедниците ги нема во јавната администрација.

Принципот на соодветна и правична застапеност во институциите и во државната администрација треба да биде доведен во корелација и со квалитетот и стручното познавање и истиот се применува според соодветна динамика, вели Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ во однос на објавениот извештај на Народниот правобранител во кој беше посочено дека заедниците ги нема во институциите:
Државата има одредена динамика, некогаш некои се позадоволни, некои понезадоволни, но генерално процесите се одвиваат добро


,,Државата има одредена динамика, некогаш некои се позадоволни, некои понезадоволни, но генерално процесите се одвиваат добро иако не смееме да направиме да се одвиваат премногу добро затоа што тогаш може да имаме импликации врз квалитетот и стручното звање. Значи треба да се направи еден баланс и да продолжат процесите такви какви што се.“

Од анализата на народниот правобранител Иџет Мемети произлегува дека принципот на соодветна и правична застапеност се применува само во државната администрација, но не и во јавната. Според резултатите во 100 институции не е вработено ниту едно лице од немнозинските зедници. Ангажирањата за соодветна и правична застапеност е политичка филозофија. Но, државната администрација се полни со партски војници и сето тоа доведува проблемот да не биде решен, смета Андреј Петров од СДСМ:

,,СДСМ смета дека државната администрација треба да биде професионална, да биде во служба на сите граѓани, а не да биде под
Она што во моментот го гледаме, тоа е деструкција на системот поради огромниот наплив на партиски војници кои што се целосно некомпетентни, а со кои се полни државната администрација
партиска директива и дека притоа треба да се спроведува Рамковниот договор. Она што во моментот го гледаме, тоа е деструкција на системот поради огромниот наплив на партиски војници кои што се целосно некомпетентни, а со кои се полни државната администрација.“

Нова Демокартија оценува дека извештајот на Народниот правобарнител, е во насока на исполнување на дел од Рамковниот договор каде што се наведува дека етничките заедници треба да бидат застапени во сите институции. Според Аријанит Хоџа ангажирњето за правична и соодветна застапеност треба да биде процес кој ќе подлежи на контрола:

,,Треба да се направи еден механизам каде што Секретаријатот за имплементирање на Рамковниот Договор при Владата на РМ, да може да ги контролира вработувањата каде што треба да се застапи правичната застапеност на етничките заедници.“

Во јавноста, често пати се изразуваат критики дека рамковните вработувања се кршат меѓу правото и политиката. Експертите во неколку наврати нагласуваат дека се потребни законски и подзаконски критериуми кои ќе прецизираат како да се обезбеди правичната и соодветната застапеност, а таа да не произведува штета ниту за еден од етникумите.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG