Достапни линкови

Граѓаните немаат доверба во судството


Зградата на Основниот суд во Скопје
Зградата на Основниот суд во Скопје

Граѓаните најмалку доверба имаат во судовите, е констатирано во годишниот извештај на Народниот правобранител. Експертите велат дека македонските судии се изложени на притисоци, почнувајќи пред се до политичкото влијание, а наведуваат и дека проблем претставува партизацијата во судските редови.

Судовите се на врвот од институциите во кои граѓаните немаат доверба. Најмногу се жалат на долгите постапки и пресуди, констатираше македонскиот Омбудсман во годишниот извештај за човековите права. Можното разрешување на еден искусен судија од скопска Апелација го подели обвинителството што смета дека судијката Дума не е виновна за наводната погрешна примена на правото, а за што министерот за правда бара разрешување. Во ваква констелација на случувањата се наметнува и прашањето дали е возможно да се острани политичкото влијание врз судовите? Според консултираните соговорници и сега постојат инструменти за ефикасно судство, но само ако тоа целосно се деполитизира.
Се зборува дека судиите пред избори ги викаат во врвот на МВР на интервју, се знае дека им се јавуваат по телефони. Ако судиите и обвинителите немаат интегритет, некоја своја гордост, достоинство, туку потклекнуваат на разно разни притисоци.


„Власта го прифати тоа како сопствена вредност, а од друга страна и самите судии и судството да изгради определен интегритет, затоа што денеска самите политички влијанија врз судиите се вршат не преку механизми туку вонинституционално. Од тука и нема никаква гаранција дека ако се тргне министерот за правда од Судскиот совет, дека тоа ќе функционира коректно“, вели университетскиот професор Гордан Калајџиев.

Познатиот кривичар оценува дека ниту една реформа нема да успее, доколку етичките критериуми за делителите на правда не го вклучуваат пред се личниот интегритет.

„Се зборува дека судиите пред избори ги викаат во врвот на МВР на интервју, се знае дека им се јавуваат по телефони. Ако судиите и обвинителите немаат интегритет, некоја своја гордост, достоинство, туку потклекнуваат на разно разни притиосоци.“

Маргарита Цаца Николовска поранешен арбитер во Судот за човекови права во Стразбур е убедена дека македонските судии се изложени, дури и на дневни притисоци, во постапките да пресудат, од власт, адвокати, медиуми, бизнисмени, но клучна е партизацијата од изборот до разрешувањето.
Неможеме да очекуваме таму каде што имало големо политичко влијание при изборот, понатаму да има процедура на непристрасност во судството


,,Неможеме да очекуваме таму каде што имало големо политичко влијание при изборот, понатаму да има процедура на непристрасност во судството. Македонија е мала земја и сите работи и задкулисни игри излегуваат уште и пред извршениот избор на судии.“

Дополнителен проблем создаваат внатрешните меѓупартиски и меѓуекспертски полемики дали треба или не, да се пристапи кон одредена уставна промена за составот на Републичкиот судски совет. Албанскиот фактор побара целосна промена и реформирање на Уставниот суд, со вградување на Бадентеровиот принцип, етничките квоти при донесувањето на неговите одлуки за оценка на законитоста.

„Ние имаме промени на Уставот, разни мнозинства за донесување на закони, а Уставниот суд со лесно, обично мнозинство е во состојба да ги укинува“, објаснува Бајрам Положани, универзитетски професор по уставно право.
XS
SM
MD
LG