Достапни линкови

Економски промотори – бадијала потрошени пари?


„Економските инвеститори само што не вложиле“, слободната зона „Бунарџик“ подолго време останува празна
„Економските инвеститори само што не вложиле“, слободната зона „Бунарџик“ подолго време останува празна

Владата, за сега не коментира дали е незадоволна од работата на директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо, по обелоденувањето на аферата на еден од промоторите во САД. Според опозицијата, Македонија е на дното по странските инвестиции во регионот. Експертите оценуваат – крајниот ефект од начинот на привлекување на странски инвестиции е бадијала потрошени пари.

Од власта не успеавме да добиеме коментар на прашањето дали во владата има незадоволство од работата на директорот на Агенцијата за стански инвестиции. Прашањето се наметна по аферите за нерационално трошење на парите кои се за привлекување на странски
2009 година, годината на криза, Македонија имаше странски инвестиции од 83 евра по жител. Во другите земји тоа е многу повисоко, Србија 111, Албанија 133, Хрватска 386, Црна Гора 1315. И сега логичното прашање е – кај овие земји од регионот немаше влијание светската криза?
инвеститори, како и тоа дека е сосема мал бројот на странски компании кои вложуваат во земјава. Неодамна, министерот за финансии, Зоран Ставрески изјави дека процесот на привлекување инвеститори е најмакотрпниот процес, бидејќи не зависи само од владината политика, туку и од општата ситуација во регионот и општата глобална состојба.

Од опозицискиот СДСМ велат дека Владата не може да се „вади“ на економсата криза бидејки податоците го покажуваат спротивното.

„2009 година, годината на криза, Македонија имаше странски инвестиции од 83 евра по жител. Во другите земји тоа е многу повисоко, Србија 111, Албанија 133, Хрватска 386, Црна Гора 1315. И сега логичното прашање е – кај овие земји од регионот немаше влијание светската криза?“, вели потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски.

Виктор Мизо е Директор на Агенцијата черири години и е познат по неговата изјава дека странските
Дека ефектите се недоволни, дека се бадијала потрошени пари е крајниот ефект, на целата таа Агенција за промоција на странски инвестиции. Сите промотери кои Македонија ги плаќа во странство, очигледно бадијала се потрошени пари.
инвеститори ја скенираат Македонија и само што не вложиле во земјата. Последниве денови е актуелна аферата со еден од економските промотори на земјата во странство. Тој, во Соединетите Држави основал сопствена компанија во исто време кога Владата го испратила на работа. Владата го отповика промоторот во САД, поради етички причини, стои во соопштеннето на Агенцијата за странски инвестиции. А неодамна беше истакнат и ревизорскиот извештај за работата на агенцијата, при што Антикорупциска отвори случај за тоа како таа потрошила повеќе од половина милион евра за промоторите на Македонија во странство, кога нема цврсти докази за ефектите од целата операција. Промоторите контактирале со 11.245 компании, а земјава ја посетиле само 118. Професорот Ванчо Узунов вели дека и оние кои не се експерти за странски инвестиции можат да видат дека парите потрошени за привлекување на инвеститори не се добро потрошени.

Професор Ванчо Узунов


„Дека ефектите се недоволни, дека се бадијала потрошени пари е крајниот ефект, на целата таа Агенција за промоција на странски инвестиции. Сите промотери кои Македонија ги плаќа во странство, очигледно бадијала се потрошени пари.“

Агенцијата за странски инвестиции во 2009 година располагала со буџет од околу 4,3 милиони евра и имаше 19 вработени. Годинава агенцијата располага со буџет од околу 6,8 милиони евра и има 48 вработени.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG