Достапни линкови

Патот Дебар-Маврово незаштитен


Одрони на патниот правец Дебар-Маврово
Одрони на патниот правец Дебар-Маврово

Патниот правец Дебар – Маврово, децении наназад е една од најнебезбедните сообраќајници во Република Македонија. И покрај тоа што по долината на реката Радика има бројни свлечишта и одрони, а во зимскиот период и лавини, овој патен правец нема соодветна заштита во смисла на поставување метални мрежи, или пак соодветен број заштитни ѕидови.

Надлежните укажуваат дека неопходно е долгорочно решение за побезбеден сообраќај. Големата лавина И лизгање на земјиште што се случи деновиве во близина на Манастирот Свети Јован Бигорски е појава која може да се случи И на други локации на овој патен правец.

„За да трајно го решиме овој проблем, неопходно е заедничко дејствување на сите три општини од регионот, Маврово–Ростуше, Дебар и Центар Жупа со цел проблемот да се елаборира на повисоко ниво, за да има трајно решавање.“
За да трајно го решиме овој проблем, неопходно е заедничко дејствување на сите три општини од регионот, Маврово –Ростуше, Дебар и Центар Жупа со цел проблемот да се елаборира на повисоко ниво

вели градоначалникот на општина Маврово-Ростуше, Мукрем Мехмеди.

„Проблемите на овој патен правец беа тема на расправа и на Советот на општина Дебар. Советниците укажуваат дека овој е најопасниот пат во Република Македонија. Донесена е и одлука за да се обратиме до Владата и другите надлежни институции, со цел да се направи студија за долгорочно решавање на проблемот. Неопходно е да се направи интервенција онаму каде што има проблеми на патот за да се сопрат почетните бранови на лавините, а воедно поставување И на метални мрежи за побезбеден сообраќај. Одроните се чести а опасностите големи.“

Вели градоначалникот на Дебар Аргетим Фида. Раководителот на Единицата на ЈП,,Македонија Пат ,, во Дебар Фатмир Имеровски подвлекува дека неопходни се повеќе инвестиции за побезбеден сообраќај на овој патен правец.

„Појавата е постојана. Неопходно е да се изнајдат средства за зголемување на бројот на вработените, но исто така и да се обезбеди повеќе машинерија за одржување на патот. Исто така битно е во зимски случаи да се подигне степенот на одржувањето на патот, од
Појавата е постојана. Неопходно е да се изнајдат средства за зголемување на бројот на вработените, но исто така и да се обезбеди повеќе машинерија за одржување на патот
рамничарски во планинарски. Во тој случај се одвојуваат двојно машини, возила и работници. Одроните се честа појава, заради што државата треба да води повеќе сметка за овој пат и да инвестира повеќе за заштита на патиштата.“

Во одделението на Дирекцијата за заштита и спасување во Дебар велат дека според проценките свлечиштата се бројни. Раководителот Рашид Абазовски објаснува дека покрај на патниот правец Дебар - Маврово, проблеми има и на патниот правец Дебар –Струга .

„Во проценката, но и во планот на нашата институција стои дека подрачјево е трустно и има многу свлечишта. На патот кон Маврово, најактивни се свлечиштата кај Скудриње, потоа местото викано Стара гипсара и други локации. Но, имаме свлечишта И на правецот кон Струга . Во моментов активно е она кај селото Догаш. Во моментов оценка е дека нема безбеден сообраќај на овие патни правци.“

вели Абазовски. Од почетокот на оваа година регистрирани се над 20-тина сообраќајни инциденти, кога во момент на одрон оштетени се автомобили а има случаи и на повредени патници .
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG