Достапни линкови

Внимателност при издавањето на патиштата под концесија


Владата мора да ги даде патиштата под концесија, бидејќи нема доволно пари самата да инвестира, сметаат дел од експертите. Веќе е во тек огласот за избор на приватни сопственици на кои под концесија ќе им се доделат коридорот осум и десет во источниот и западниот дел на земјава.

Владата мора да ги даде патиштата под концесија, бидејќи нема доволно пари самата да инвестира, сметаат дел од експертите. Веќе е во тек огласот за избор на приватни сопственици на кои под концесија ќе им се доделат коридорот осум и десет во источниот и западниот дел на земјава. Нивната вкупната должина изнесува речиси 380 километри. Додека пак нивната вредност се проценува на околу милијарда евра. Од министерството за транспорт и врски велат на овој начин ќе се зголеми степенот на стручност, како и професионалноста во водењето на јавните патишта. Најдобро е кога земјава би можела сама да ги менаџира патиштата, но со оглед на нејзината финансиска моќ, најбрзиот начин за развој на патиштата е овој, вели поранешниот министер за транспорт и врски Џемил Мехази.

,,Моментално со степенот на задолженост на финансиските институции, Македонија нема можност и решението е во јавното приватно партнерство бидејќи ако чекаме сами со сопствени средства, за тоа ќе требаат години."

Ако земјава има доволно пари, доволно силна економија и средства да вложи во изградба на своите патишта, тогаш нема да ги дава по концесија. Но, веројатно ние не сме во таква состојба, па ова е еден начин да се привлечат инвестиции, вели експертот Зоран Кракутовски.

,,Се работи за прилично голема сума на пари, така што како јавни приходи кои што веројатно ги собира Владата, не би била во состојба да ги заврши овие проекти, и веројатно еден од мотивите е да се привлечат инвеститори преку давање на патиштата под концесија."

Но, според Мехази Владата ќе треба да внимава на условите, кои ќе им ги постави на приватните сопственици.

,,Условите под која ќе се врати инвестицијата на едните инвеститори, условите во смисла на експлоатација на тие патишта и да не се злоупотребува индиректната позиција на монопол на идните концесионери."

И Кракутовски вели дека Владата од самиот старт треба да ги подели ризиците, кои се појавуваат кога работиш со прииватен партнер, кој очекува инвестицијата да му се исплати.

,,Да не се лажеме, нема чепкање, нема тука ,,фарбање очи", за да дојде некој приватник мора да очекува профит, нормално големината на профитот ќе зависи од договорот за распределба и на ризиците и на инвестициите."

Осум години ќе има рок концесиерот да ги изгради патиштата на ниво на автопат, а во наредните 29 години тој ќе биде одговорен за нивно одржување и наплата на патарините.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Што треба да знаете

XS
SM
MD
LG