Достапни линкови

Минирана карпа на патот Скопје – Охрид


Четири тона земја се извадени од карпата над патот Скопје-Охрид кај местото Ботун. Надлежните од „Македонија Пат“ Охрид велат дека со зафатот конечно се решава проблемот со одроните на патот кои ја загрозуваа безбедноста во сообраќајот

Со вадење на четири тони земја од карпата над магистралниот пат Скопје-Кичево-Охрид на засекот кај споменикот до Ботун, конечно е стопирано од пропаѓање и побезбедно за возилата и патниците најголемото свлечиште на земја во државава. Овој две децениски горлив проблем, кој при поголеми климатски промени, обилни врнежи од дожд и снег и поради подземните води предизвикува движење на
Имаме едно свлечиште кое што можам да кажам дека е најактивно во нашава држава. Затоа опасноста овде во секое време е можна, со оглед дека се работи за терен кој постојано е активен, а посебно во период на обилни врнежи од дожд и температурни разлики како во зимските месеци. Затоа презедовме мерки да го санираме свлечиштето
земјиштето и одрони на патот, е санирано со минирање на карпата на која лежи 600 метри високиот рид. По интервенцијата што ја изведе Охридската служба на Македонија Пат, финансирано од Агенцијата за државни патишта, сега сообраќајот на магистралниот пат М4 се одвива непречено.

„Имаме едно свлечиште кое што можам да кажам дека е најактивно во нашава држава. Затоа опасноста овде во секое време е можна, со оглед дека се работи за терен кој постојано е активен, а посебно во период на обилни врнежи од дожд и температурни разлики како во зимските месеци. Затоа презедовме мерки да го санираме свлечиштето,“

вели Јован Митрески, сообраќаен инжинер во Македонија пат Охрид.

Свлечиштето кај Ботун,под кое на магистралниот пат што го поврзува Скопско Миладиновци со Подмоље кај Охрид и Ќафасан кај Струга, во еден час поминуваат 5.500 возила во летниот, а 3.500 возила во зимскиот период, сеуште не е целосно заштитено.

„Ние мобилно ќе ја следиме состојбата. Најгрубата работа е направена, по што ќе следуваат пофини работи за заштита на карпата,што доста морбидно изгледа кога поминувате покрај неа. Ќе поставиме мрежи, најверојатно ќе се употребат две до три илјади метри квадратни заштитна мрежа, што ќе служи за да не дојде до поситни одрони на камења, со што ќе се овозможи непречен сообраќај, а патниците и учесниците ќе бидат посигурни во секој случај,“

вели Митрески.

Вистинска среќа е што до сега не се случила поголема несреќа од одрон на свлечиштето кај Ботун, кое пред половина година со паѓање на четири тонска карпа на патот целосно го запре сообраќајот и го вклучи црвеното светло на алармот за овој проблем. На овој дел на еден од најфрекфентните патни правци во Македонија што е на 20-тина километри пред најголемиот туристички центар во државава Охрид, возачите обично возат доста побрзо од дозволеното. Затоа од „Македонија Пат“ апелираат до возачите да возат со пропишаната брзина, да не се залетуваат поведени од правиот пат, за да можат на време да сопрат за да се заштитат од инциденти да не бидат поклопени од евентуален одрон на карпа, додека целосно не се обезбеди свлечиштето.
XS
SM
MD
LG