Достапни линкови

Македонските патишта далеку од ЕУ стандарите


Поправка на патишта
Поправка на патишта

Со оценка два, вака Европската Комисија за сообраќај ја оценила безбедноста на патиштата во Македонија. По неколку неделено скенирање на патната мрежа било констатирано дека патиштата се сеуште далеку од европските.

Со оценка два, вака Европската Комисија за сообраќај ја оценила безбедноста на патиштата во Македонија. По неколку неделено скенирање на патната мрежа било констатирано дека патиштата во земјава се сеуште далеку од европските. Дупките по асфалтот, лошата сигнализација се само дел од забелешките за кои Европа не критикува. За ваквата констатација се согласува и Миле
Таа оценка е укажување дека во таа насока треба да поработиме малку поинтензивно за да се приближиме кон евроопските патишта
Димитровски член на Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот.

,,Таа оценка е укажување дека во таа насока треба да поработиме малку поинтензивно за да се приближиме кон евроопските патишта."

Изградбата на современи безбедни патишта треба да бидат еден од приоритетите на надлежните институции, согласни се експертите кои ги консултиравме.

,,Македонија како држава нема друга алтернатива, значи нема ниту развиен железнички сообраќај, нема ниту поморски сообраќај, нема ниту речен, ниту авионски сообраќај, така што единствена алтернатива за Македонија е мрежата на патишта."
Македонија како држава нема друга алтернатива, значи нема ниту развиен железнички сообраќај, нема ниту поморски сообраќај, нема ниту речен, ниту авионски сообраќај, така што единствена алтернатива за Македонија е мрежата на патишта


Вели Вулнет Палоши универзитетски професор. Во изминативе неколку месеци стана мода на скоро секој чекор да се поставуваат семафори. Бројката од над 400 семафори само во Скопје ниту од делаку не ја промени сликата кон подобро. И понатаму бројот на сообраќајни несреќи е голем, а гужвите низ улиците станаа дел од секојдневието на возачите.

,,Семафорите прават застој ако не се добро програмирани, ако не се поврзани во зелен бран и ако не постои систем за мониторинг."

Посочува Стефан Калајџиски, сообраќаен инженер
Ги отфрла овие критики Ненад Тониќ од Секторот за сообраќај на град Скопје.

,,Секој семафор поставен на подрачјето на градот Скопје е поставен со одредена причина и тоа чекање секогаш постоело и ќе постои. Ние неможеме да очекуваме дека во градот ќе имаме слободни улици како писти на кои граѓаните би можеле без проблем да се движат."

Македонскиот приоритет, членството во НАТО и ЕУ го стави во втор план осовременувањето на патната инфраструктура. Токму можеби поради вакви патишта бавно ни оди и приближувањето до европските институции.
XS
SM
MD
LG