Достапни линкови

Што ќе донесе зголемениот кредитен рејтинг?


Скопје
Скопје

Според економските експерти зголемувањето на кредитниот рејтинг на Македонија ќе придонесе за олеснет пристап до кредити што се битни за економискиот развој на земјата. Бизнисменит пак, се на мислење дека тоа нема да привлече инвестиции.

Зголемениот кредитен рејтинг на Македонија не е заслуга само на власта. Свој удел за овој напредок имаат и банките, посочуваат дел од експертите. Бизнисмените, пак, велат дека напредокот е позитиве, но не очекуваат дека повисокиот кредитен рејтинг ќе привлече покрупни инвеститори. Вчера од Владата соопштија дека кредитниот рејтинг на земјава е одреден на ниво ББ што претставува напредок од претходното пониско ниво ББ минус. Според Министерот за финансии Зоран Ставрески, повисокиот кредитен рејтинг е позитивен показател за економијата:
Како дополнителна акомулација се сметаат кредитите. Кредитите се многу важен елемент за развојот на една економија

„Бидејќи е базиран пред се на намалувањето на естерните ризици, намалувањето на дефицитот во платниот биланс и потврдата да веќе нема никакви ризици врз макроекономската стабилност.“

Експертите појаснуваат дека кредитниот рејтинг претставува еден вид осигурување. Професорот Петрит Положани вели дека кредитните политики на банките влијаат на одредувањето на рејтингот:

„Кредитен рејтинг од научен аспект значи, банките да имаат осигурано кредит по поволни услови, да имаат осигурано повраќање на кредит, доверителите да гарантираат за парите што се вложуваат во банките итн.“

Положани додава дека со повисокиот кредитен рејтинг земјава ќе има олеснат пристап до кредити кои се битни за економскиот развој:

„Како дополнителна акомулација се сметаат кредитите. Кредитите се многу важен елемент за развојот на една економија, за развојот на фирмите, особоено малите и средни претпријатија кои имаат голема потреба за осигурување на добри услови за кредити.“
Тоа е само оптички гледано добро, суштински Македонија неможе да добие инвестиции во оваа кризна година


Бизнисмените го поздравуваат напредокот на зермјата на ова поле, но посочуваат дека повисокиот кредитен рејтинг е само мал чекор кон излез од кризата. Бизнисменот Ристо Гуштеров вели дека за сега не може да се очекува крупен напредок во поглед на странските инвестиции:

„Тоа е само оптички гледано добро, суштински Македонија неможе да добие инвестиции во оваа кризна година и мислам дека кризата ќе биде фазно помесетена во Македонија и покрај некои мали заживувања што се чувствуваат во западно Европските земји.“

Гуштеров прогнозира дека за позначајни странски инвестиции ќе треба да се почека.

„Инвестиции во Македонија може да се очекуваат некаде крајот на 2010 или 2011 година инаку дотогаш ќе имаме една стенд бај ситуација.“

Инаку Македонија кон почетокот на годинава беше на ниивото ББ за подоцна да го изгуби тој рејтинг, спаѓајки на нивото ББ минус. Од вчера, земјава се врати на старото ниво.
XS
SM
MD
LG