Министерството за финансии и комерцијалните банки ги операционализираат кредитите за малите и средни претпријатија. Додека банките и министерството се договараат за тоа како ќе се пласираат парите од европските фондови, претставниците на фирмите со нетрпение ги очекуваат поволните кредити. Министерот за финансии Зоран Ставревски најави дека со комерцијалните банки се преговара за пласман на кредитите до претпријатијата. Македонската банка за подршка на развбојот во државна сопственост за сега нема директно да кредитира бидејки нема соодветни услови за тоа. Ставревски ги демантираше неофицијалните информации дека банките не се согласувале со условите кои министерството ги има понудено:
„Јас немам таква информација, имав средба со најголемите банки и очекувам да си останеме на зборот. Немам никаква информација дека од нивна страна има промена на тој став, така што мислам дека до крајот на неделава би требало да се потпишат тие договори.“
Од дел од поголемите банки во земјава потврдуваат дека ги прифатиле условите на министерството. Генералниот директор на „Стопанска Банка“ Глигор Бишев вели дека договорот е веќе потпишан:
„Значи Стопанска Банка потпиша договор и самото потпишување значи дека има услови.“
И додека надлежните се договараат со банките, претставници од малите и средни претпријатија во Македонија се надеваат дека кредитите побрзо ќе им се пласираат по поповолни услови од комерциојалните кредитни линии. Директорот на „Здравје Радово“ Јован Дабевски вели дека поволните кредити ќе помогнат
„Претпоставувам дека нема да има промена во каматните стапки кои се најавени од европските фондови, за компаниите тоа ќе значи олеснување. Самата процедура за добивање кредит, самиот договор е многу полесен со комерцијалните банки отколку со европските фондови.“
Ѓорѓи Тренев од винарската визба „Бовин“ смета дека побрзата операционализација на кредитите повеќе ќе им помогнат на фирмите:
„Значи ние работиме меѓутоа очекуваме дека може да биде подобро, но тоа да се случи побрзо. Така што се надеваме дека тие најавени 100 милиони евра ќе бидат брзо достапни бидејќи за голем број претпријатија тие средства им се неопходни за да продоложат со производството.„
Додека надлежните и банките се договараат за тоа како ќе се пласираат стоте милиони евра европски пари за најголемиот дел од приватниот сектор, индустриското производство бележи пад од речиси 20 проценти, а бројот на вработени во индустријата во јули годинава е намален за 7,5 проценти.