Достапни линкови

Банките и компаниите сеуште неподготвени за Интернет купување


Интернет купувањето е светски тренд со кој Македонците не се во тек. За многумина купувањето на производи преку интернет страници со помош на платежна картичка е незамисливо. Официјалните податоци на меѓународната компанија за анализа на пазарот „ГФК“ ,покажуваат дека само осум отсто од Македонците купуваат он-лајн. Во Словенија и Чешка 18 отсто од граѓаните купуваат преку интернет. Трговците влеваат дека се подготвени за воведување на „интернет трговија“. Според Игор Ѓеорѓевиќ, сопственик на приватна фирма, проблемот не е кај граѓаните.

„Значи не е до граѓаните него е до фирмите. Тие немаат можност да извршат наплата преку интернет и да продадат производ на граѓаните.“

Георгевиќ додава дека проблемот е кај банките:

„Поточно, мислам дека информатичко-технолошките служби не се подготвени да го направат тоа.“

Трговецот Зоран Бубевски смета дека многу банки не се заинтересирани за подршка на интернет „пазарењето“ во земјава:

„Значи се уште не се заинтересирани за интернет плаќање. Можеби сметат дека не е сигурно. Не знам што е работата, но банките се главниот проблем што не прифаќаат.“

Само дел од банките во земјава до сега ја промовираа можноста за интернет плаќање. Биљана Доновска Гечева од УНИ банка вели дека он-лајн трговијата има перспективи за развој во Македонија:

„Се уште не можеме да кажеме дека постои високо ниво на интернет трговија од аспект на трговците, односно интернет продажба, но факт е дека е позитивен трендот.“

УНИ Банка веќе има инвестирано во развој на услугите за интернет плаќање, инвестиција која според Гечева би била исплатлива во иднина:

„Како и секој трошок исплатиливоста или инвестицијата очекуваме да се врати по одреден циклус на живеење. Ќе биде исплатлива, многу брзо, согласно реакциите кои ги имаме од трговџите, односно согласно нивниот интерес.“

Инаку интернет тргувањето во Македонија за сега се нуди само за неколку услуги. Меѓу последни промовираните е услугата за дополнување на кредит за мобилен телефон преку интернет со користење на платежна картичка.
XS
SM
MD
LG