Достапни линкови

Од Фондот за развој на човекови ресурси велат дека причината е во слабата организација


Новиот прилив од Европската комисија во износ од 120 милиони евра предвидени за Западниот Балкан, во Македонија ќе биде наменет за малите и средни претпријатија. Од Министерството за економија велат дека се подготвени да ги подржат претприемачите во користењето на сретствата од овие фондови, но од Фондот за развој на човекови ресурси посочуваат дека овие фондови можеби нема да бидат достапни годинава поради слаба организација.
Најавата за приливот на овие сретства ја даде портпаролката на еврокомесарот за проширување Оли Рен, која посочи дека Комисијата за Западен Балкан има издвоено 120 милиони евра од ИПА фондовите како помош против финансиската криза. Портпаролот на Министерството за финансии Мартин Мартиновски вели дека овие пари би требало да се дистрибуираат за малите и средни претпријатија во земјава:

„Најавената подршка од 120 милиони евра ќе се реализирта преку одредени регионални ИПА фондови кои што се пред се наменети за подршка на мали и средни претпријатија и се реализираат преку деловни банки.“

Од Министерството за економија велат дека се подготвени да ги подржат малите и средни претпријатија во апликацијата и планирањето на трошокот на средствата од фондовите, кои претприемачите би ги добиле во форма на банкарски кредити. Имерали Бафтијари од секторот за подршка на мали и средни претпријатија вели дека построгите услови за кредитирање кои ги воведоа банките, не би требало да претставуваат проблем за малите и средни претпријатија

„Што се однесува до каматните стапки односно трошокот за користење на ИПА фондовите, правилата ги одредува европската комисија. Значи утврдувањето на каматните стапки не може да се нарави од страна на деловните банки нити пак од страна на Народната банка.“

Од Фондот за развој на човекови ресурси, пак, опосочуваат дека претприемачите нема да можат наскоро да ги користат дел од 120 - те милиони евра кои ќе и бидат на располагање на земјава. Директорот на Фондот Роман Пападимитров вели дека годинава институциите треба да организираат поинтензивни подготовки за парите од овие фондови да можат да се користат дури од следната година.

„Од друга страна, би сакал да додадам дека исто така да не се очекува тука некои големи пари за компаниите, бидејки таму ќе има многу малку сретства кои компаниите ќе можат да ги користат. Станува збор за други типови на мерки каде директно аплицирање на компании нема.“

Инаку до сега, Македонија немаше директен пристап до парите од претпристапните фондови. Досега со ИПА фондовите управуваше Европската агенција за реконструкција, преку која земјата искористи сретства за проекти во полицијата, судството, царината и јавната администрација.
XS
SM
MD
LG