Достапни линкови

Хамас има тешки загуби, офанзивата во Газа продолжува до остварување на целите


Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак изјави дека на Хамас му се нанесени тешки загуби но дека офанзивата во Газа ке продолжи се додека не се остварат целите за ставање крај на ракетните напади од Хамас врз израелска територија. Напорите за ставање мир во Газа превземени од две европски делегации се во тек но израелскиот министер за надворешни работи Ципи Ливни зборувајки по средбата со делегацијата на ЕУ во Ерусалим изјави дека израелската офанзива во Газа долготрајна борба против теророт во регионот.

„Јас верувам дека сите ние сме дел од иста коалиција против теророт, а ова со што се соочуваме во Газа е терор.“

Делегацијата на ЕУ во Ерусалим се обидува да издејствува прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.

„На изрелскиот министер и го презентиравме ставот на ЕУ за брз прекин на огнот.“

изјави чешкиот министер за надворешни работи Карел Шварценберг кој ја предводи делегацијата на Унијата. Од Белата Куќа се огласии американскиот претседател Џорџ Буш со изјава дека евентуален мировен договор мора да содржи гаранции дека Хамас нема да може да ја користи Газа за напади врз Израел. Во регионот во иста дипломатска мисија е и францускиот претседател Никола Саркози. Денеска е инаку 10 ден од израелската офанзива. Досега загинаа над 520 а се повредени над 2500 лица.
XS
SM
MD
LG