Достапни линкови

Аналитичарите не очекуваат брзо решение


„Дали сакате драги Македонци да бидеме први во светот што ќе се откажат од сопственото име и идентитет?“
„Неее!“


Вака македонските грагани на почетокот на 2008 година го бранеа уставното име на државата на плоштадот Пела во Скопје. Тоа беше периодот кога преговорите кои медијаторот Метју Нимиц ги води под покровитеслво на Обедините Нации беа интезивни. Периодот пред Букурештскиот самит на НАТО на кој Грција го спречи влезот на замјава токму поради нерешениот спор. Република Македонија - Скопје против таквата измена протестираа тогаш гарагните. Потоа следуваа Северна, Горна и ред други варијации на името кои до јавноста стигнуаа најесто преку неофицијали канали. Но и покрај интензивните контакти и 2009 ја дочекуваме во иста ситација - нерешенен спор а со тоа и незивесна интеграција на земјава во НАТО и Евроспаката Унија. Кога ке погледат на деновите што изминаа повеке аналитичари се согласни дека имало и шанси кои замјава ги пропуштила. Според поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле тоа е можноста за постигнување на домашно политичко единство за преговорите кои ги водиме со Грција, според универзитетскиот професор Денко Малески пак најголемата испуштена шанса е невлегување на земјава во НАТО поради спорот со името. Некои аналитичари пак сметаат дека во 2008 година прашањето за името било само вештачки држено на врвот на агендата

„Македонската влада реално и немаше политичка волја да го реши тоа прашање затоа што имаше друга агенда. Мислам дека со тоа Македонија загуби драгоцено време во однос на евро атлантските интеграции,“

вели универзиететскиот професор Мерсел Биљаљи. Што не очекува пак во новата година? Според најавите на државно владиниот врв барем во првата половина од 2009 ништо. Премиерот најави дека спорот нема да биде репшен најмалку до втората половина на идната година односно до изборите за европскиот парламент. Претседателот Црвенксовки пак во своето годишно обракање оцени дека во подолг временски период вистински преговори нема да има. Таков почеток на годината во која се сменети и надворешните состојби очекуваат и аналитиачрите. Америкасците кои досега најмногу го туркаа процесот на прегвороите сега се наогаат во нова реалност справување со севетаката еконсомка криза.Се очекува дека во прво време администарцијата на новиот американски претседатекл Барак Обама нема да има време да се посвети на грчко македоснкиот спор. Професорот Малески вели дека Македонија ке мора да се прилагодува на новите состојби

„Пропуштените прилики не се надоместуваат. Воведовме самите една прилично сложена процедура за компромис.“

Чашуле пак очекува раговорите за името да продолжат врз основа на времената спогодба

„И во рамките на таа времена спогодба да гледаме да направиме во еден момент на политичка зрелост на Грција еден договор со неа да престане да бара невозможни нешта за нас.“

Додека Малески и Чашуле зборуваат за процесот пред се анализирасјки ги надворешните околности професорот Биљаљи не исклулувајки ги нив потенцира дека првата половина од годината преговорите ке бидат во мртва фаза и поради мартовски претседателки и локални избори кај нас и можните предвремени избори во Грција

„Реално американското присуство ќе биде многу намалено поради глобалната криза. Така што, тоа ќе се надомести со внатрешен притисок којшто можеби ќе ја убеди владата дека тоа прашање треба да се реши.“

Веднаш на почетокот на годината однсоно на 19 Јанури ке се одржи и правата средба на македоснките и грчките застапници во процес во Хаг за тужбата која Македонија ја покрена против Грција поради кршење на временат спогодба. Очекувањата на Екепсертот по мегународно право Јана Лозаноска се повеке поврзаи со овој судки процес отколку од процесот на преговори:

„Јас повеќе очекувам правната постапка пред Меѓународниот суд на правдата да резултира со интересни работи, од преговорите не очекувам ништо.“

2008 помина во знакот на државното разединување наместо соединување за спорот и концептот за неговото решавање. Замајки го во предвид фактот дека во март ке се одржат претсеадателските и локалните избори очекувањата се дека во скоро време нема да дојде до домашен консензус туку ова прашање ке се користи за добивање политички поени. Но и покрај скептизмот на аналитичарите следејки го ставот на преммеирот Груевски и доколку се постигне било каков компромис за името тоа парашање ке биде префрлено во рацете на граганите па евентуалниот таков развој на настаните ке значи и рефередум во 2009 година.
XS
SM
MD
LG