Достапни линкови

Македонија се соочува со старите проблеми


Меѓународниот ден на човековите права Македонија ќе го одбележи во знакот на следење на негативните трендови во светот. Проценка на експертите е дека во Македонија најзагрозени се сферите поврзани со маргинализираните групи, областите кои ја тангираат борбата против тероризмот особено во поглед на почитувањето на процедурите и правилата како и се она што е во корелација со сиромаштијата. Сите тие според нив не само што не се помрданите нанапред туку бележат и назадување. Ако се анализираат претставките поднесени до канцеларијата на народниот правобранител тие во најголем дел се однесуваат на работата на судовите.

„Секогаш најболната страна ни се судовите.Оваа година забележително е голем бројот на претставките што се однесуваат на правата од работен однос. Исто така се бележи пораст на бројот на преставки кои што се однесуваат на социјалата, здравственото и социјалното осигурување, а се поголем случаи се однесуваат на семејно насилство, особено на насилства врз децата“

вели Уранија Пировска портпарол на народниот правобранител

Бројката од три илјади претставки секоја година и за 2008 се очекува дека ќе биде достигната. Зголемениот тренд на нивно поднесување се бележи од 2004 година. Генерално граѓаните на Македонија покажуваат недоверба кон иснтитуциите и не веруваат во правдата и правичноста од страна на државните институциите. Соработка со останатите институциите е неопходна и до некаде зголемена но честопати е формална, додава Пировска сошто како што вели на органите на државната управа сеуште им недостасува транспарентност.

„Се уште постојат органи коишто даваат информации коишто не кореспондираат со фактичката состојба“.

Сеуште е голема дискрепанца меѓу нормирањето и практичното остварувавање. Уставната, институционалната и законската покриеност ја доближуваат Македонија до останатите држави, недостасува праксата, вели професорката Мирјана Најчевска.

„За практично остварување е потребна прво политичка волја, политичкан свест на највисоко можно ниво. Вториот елемент е огромната пртизација којашто има многу негативно влијание врз примената на се она што претставува процедури, павила и критериуми“

Опасно импровизираме со секуларизмот, кај нас не е лесно да се штрајкува, врз медиумите се воспоставува ефикасна контрола, додава во пораката по повод денот на човековите права, хелсиншкиот комитет.
XS
SM
MD
LG