Достапни линкови

Пресудна е улогата на институциите на системот и политичката волја, сметаат експертите


Менувањето на изборните правила не е гаранција за спроведување на фер и демократски избори, се согласуваат експертите по најновите измени на изборниот законик, само две години по последната промена на неговата содржина. Домашната експертска јавност на став дека прецизирани правила се важни, но оти клучен чекор за одржување на фер и демократски избори во Македонија, сепак не е честото менување на изборното законодавство, туку пред се вољата на учесниците во политичкиот живот во Македонија:

„Не, неверувам дека сегашните измени ќе бидат основа за фер и демократски избори. Тоа треба да биде волја на народот, односно народот да биде тој што ќе ги избира своите претставници во Претставничкиот дом, преку непосредните избори.“

„За да имаме фер избори, не е потребен само изборен законик туку сите активности пред и после изборите и чувството на одговроност и политичка воља навистина некои процеси да тргнат напред. Значи, ние веќе неможеме да ,,се вадиме“ со образложението дека сме млада демократија. Ние сме имале многу изборни циклуси, знаеме какви ни се проблемите и некои проблеми се повторуваат, а што тие се повторуваат значи дека се нема политичка волја тие да се решат.“


Сметаат професорот од Факултетот на Југоисточна Европа Рухи Бакиу и аналитичарот Алберт Муслиу. Речиси едногласно, со ставот дека честото менувањето на изборните правила не значи и автоматски спроведување на регуларни избори се согласуваат и политичките партии. Свесни се дека за тоа сепак е најважна политичката волја:

„Точно е дека требаат строги правила на игра во оваа област, но точно и дека изборниот законик доколку нема политичка волја на субјектите кои што го организираат, како и на оние што учествуваат во изборниот процес, ако нема политичка воља за фер избори, вие може да имате најсовршен закон, а сепак да немате совршени избори. Тоа се случува во Македонија.“

„Фер и демократски избори зависат од многу работи. Прво од политичката воља, а потоа од ажурноста на оние кои што ги спроведуваат, почнувајќи од Министерството за правда, а најголема улога секако има МВР.“

„Најповикани се разбира се политичките партии кои учестуваат на изборите, но секако и институциите кои што ги спроведуваат изборите. Така што измените на законите не допринесуваат толку за фер избори, напротив мислам дека институциите кои ги спроведуваат се најповикани.“


Изјавуваат Цветанка Иванова од СДСМ и Роза Топузовска Каровска од Либерално Демократската Партија и Рафиз Алити од ДУИ.

Со ваква усогласеност и сознание меѓу партиите дека политичката воља е пресудна, која многу пати досега ја имаме чуено од инволвираните во политичкиот живот во земјава, сликата која беше пратена во светот од последните предвремени парламентарни избори, беше полнење на гласачки кутии, манипулација и притисок како врз гласачите, така и врз избирачките одбори, физички пресметки, употреба на оружје и на крајот и жртви. Македонија, по ова си додаде уште еден покрај веќе познатите осум критериуми за членство во Европската Унија – спроведување на фер и демократски избори, што веќе и се споменува како клучен критериум. По последните предвремени избори, најновата измена на изборното законодавство е резултат на препораките од ОБСЕ по увидените слабости, а брзањето за донесување на новата содржина на изборното законодавсто се должи на претстојниот извештај на Европската Комисија за напредокот на земјава. Но, она што од нас го бара меѓународната заедница, освен прецизирани правила, е изнесување пред лицето на правдата на сторителите на неправилностите. Наспроти постоењето на правна рамка, прашање како ќе реагира полицијата во случај на обиди за нарушување на изборниот процес. На овој проблем како втор клучен елемент во потребата за спроведување на регуларни избори, укажува политикологот Жидас Даскаловски:

„Сме имале разни проблеми кои што сега се обидуваме да ги решиме, меѓутоа ќе биде прашање како ќе се однесува електоратот и посебно оној дел кој што често знае да направи нереди за време на изборните места. Тоа може да се сузбие со навремено реагирање на МВР. Така што поучени од сите искуства во изминативе 17 години мислам дека на наредните претседателски и локални избори и правната рамка е средена и ќе имаме соодветна реакција на органите на МВР.“

Договорот на нормативно ниво претставува некаков напредок, но без одлучност на органите задолежни за јавниот ред и мир, неможе да се очекува поголем прогрес, се согласува и аналитичарот Суад Мисини:

„Значи доколку некој реши да опструрира, вон оние политички-подземни договарања итн. значи доколку некој сепак реши да опструира изборни процеси, ние ќе имаме инциденти и понатаму. Меѓутоа точно, тука на сцена настапува правната држава. Законската регулатива е воспоставена, сите процедури се јасни и тука не треба да има отстпка. Значи брзо, навремено, елемнирање на причини и санкционирање според законот ќе значи спроведување на фер и демократски избори.“

Во обидите и напорите за спроведување на регуларни избори, елемент на кој треба да се подразмисли, вели стручната јавност е можеби и промената на изборниот модел. Во оваа насока професорот Бакиу и аналитичарот Владимир Божиновски изјавуваат:

„Кај нас треба да има измена на изборниот модел на пратениците. Односно мислам дека треба да се префрлиме од чист пропорционален систем за избор на пратениците, на мешовит систем.“

„Кај нас политичката култура сеуште не е на толку високо ниво колку што треба да биде, за да ние можеме да избереме политички систем без да се плашиме дека може да има определени инциденти. И затоа треба да се избере политички систем кој што ќе ги сведе тие инциденти на минимум.“


Во содржината на измените на изборниот законик е поместено рекомпонирањето на Државната Изборна Комисија во кој претседателот ќе бидат од опозицијата, се допрецизираат и медиумските правила односно начинот на рекламирањето, составот на избирачките одбори, а во него иако тоа не беше забелешка на ОБСЕ, се додава можноста и дијаспората да гласа на изборите, правило што ќе важи од следниот парламентарен изборен циклус. Експертите со расличен став за оваа можност. За професорото Рухи Бакиу тоа не е спорно:

„Би требало да им се даде шансата и на тие граѓани да допринесат за демократските процеси во Македонија, а не да ги гледаме само како економски извор, преку кој можеме да обезбедиме одреден профит. Значи, треба да им се даде шанса и во политичката свера.“

Но наспроти Бакуи, аналитичарот Алберт Муслиу смета дека учеството на дијаспортата во изборите е комплицирана работа:

„Отварањето на можноста на влијание врз политичкиот живот, без некој персонален интерес е комплицирана процедура. Јас незнам политичките партии со каква програма, со каква кампања и платформа ќе и се обратат на дијаспората, така што јас имам прилично резерви кон тоа прашање. Треба да се каже дека нашата дијаспора никогаш не била спречена да гласа, само што услов е да дојде во Макеоднија и да го даде својот глас. Така да мислам дека се отвараат можности и на влијание на луѓе кои што немаат директен интерес во економските и политичките текови во Макеоднија и второ се создава можност за манипулација со тие гласови.“

И политикологот Владимир Божиновски се согласува дека најважно е сега како во пракса ќе се прецизира гласањето на дијаспората:

„Доколку им се даде симболично три или четири места во Парламентот, мислам дека тоа е во ред за да се почувствуваат дека и припаѓаат на самата држава. Инаку доколку биде ,,глас за глас“ за тоа сум апсолутно против. Значи некој што живее 20 години надвор во Америка, Канада или Австралија да може да одлучува исто колку што можеме јас или вие кои што живееме во државата.“

Иако првично власта предложи во промените на изборното законодавство да се овозможат и десет загарантирани места за помалите етнички заедници во Парламентот, по силните реакции на албанските партии дека со тоа ќе се озвозможи маниупалација на Бадентеровиот принцип, овој предлог по консезусто што го постигнаа политичките лидери, нема да се најде во новите изборни правила, односно тој е одложен.
На крајот повторно сме на тест, во пресрет на пролетните претседателски и локални избори. Дотогаш се чини почна да се зажестува на политичката сцена во државата, а локалната власт почна со засилени активности. Скопје деновиве личи на големо градилиште. Зачудува на само неколку месеци пред изборите, во речиси секоја општина се обновува некоја улица, се градат нови патишта, се разубавуваат паркови... ќе го положиме ли овој пат тестот на политичка зрелост, со нови изборни правила и силна одлучност за казнување на виновниците и ќе успееме ли конечно да спроведеме избори без грешка?
XS
SM
MD
LG