Достапни линкови

Македонските аналитичари со различни очекувања од следната средба на Нимиц со преговарачите


По јавните препукувања мегу Црвенковски и Груевски денеска во кабинетот на претседателот средба на државниот врв за последните идеи на Нимиц за решавање на спорот со името. Координацијата се одржува со задоцнување бидејки беше прескокната вообичаена практика по средбите на македонскиот и грчкиот преговарач со медијаторот Нимиц државниот врв да го гради ставот. Црвенковски од Њујорк порача дека на следната средба со Нимиц Димитров ќе ја соошшти позицијата на земјава за последните идеи откако заеднички ќе ја изградат со премиерот. Според гласините во грчките медиуми на преговарачите и медијаторот најверојатно ке се сретнат на почетокот на октомври а предлогот кој ке биде ставен на маса ќе биде преставен како конечен . Истите извори наведуваат дека најверојатно се работи за името Северна Македонија кое според дел од домашните аналитичари е добро решение доколку со него се гарантира и употербата на термиот македонски во конетекст на јазик и нација. Поранешниот дипломат Ристо Никовски пак смета дека овие шпекулации нема да се реалзираат односно медијаторт нема да излезе со конечен предлог.

„Тој повеќе пати најавуваше дека нема временски лимит, дека процесот тече итн. Мислам дека е неверојатно дека Нимиц ќе излезе со конечен предлог.“

Но што ако тоа се случи и една од страните го одбие предлогот кој би бил презентиран како последен.Никовски вели

„Треба да се почне нова процедура од наша страна и тој да го врати мандатот на ОН. Веројатно ОН ќе најдат друг медијатор, значи ОН нема да го завршат процесот, бидејќи тоа не одговара никому во овој момент.“

Враќањето на манадтот од страна на Нимиц поради неуспехот на преговорите ке биде лош сигнал пред се за Македонија смета аналитичарот Суад Мисини.Големините сили тогаш би изгубиле интерес за земјава а ние сме тие кои брзаме да го фатиме евроатланскиот пат вели Мисини:

„Што се однесува до Грција, таа ќе излезе победник, затоа што неа и одговара, не толку Македонија надвор од интеграциите, колку нејзина изолација, каде што ќе се ослабне нејзината и преговарачка и меѓународна позиција.“

Сепак за разлика од Никовски тој е оптимист дека работи ке се одвиваат во насока на прифакање на евентуалниот конечен предлог нема да биде одбиен:

„Јас мислам дека работите се движат кон постигнување решение, и затоа постои притисок како врз Македонија, така и врз Грција. Мое очекување е дека Нимиц ќе ја заврши неговата мисија онака како што е определено во резолуцијата на ОН.“
XS
SM
MD
LG